ВЛАДАТА МУ ОДОБРИ 85 МИЛИОНИ ДЕНАРИ НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЗДРАВСТВО ЗА НАБАВКА НА МАМОГРАФИ

    ВЛАДАТА МУ ОДОБРИ 85 МИЛИОНИ ДЕНАРИ НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЗДРАВСТВО ЗА НАБАВКА НА МАМОГРАФИСо овие средства Министерството ќе купи 8 мамографи, кои ќе бидат распоредени според потребите на јавните здравствени установи. (Фото: СДК.МК)

    Владата на вчерашната седница му одобри на Министерството за здравство да почне јавна набавка на мамографи во вредност од 85 милиони денари или 1,38 милиони евра. Оваа јавна набавка како што соопшти Владата треба да се реализира 2019, 2020 и 2021 година.

    Министерството за здравство вели дека со овие средства е предвидено да се набават 8 мамографи, кои ќе бидат распределени според потребите на здравствените установи.

    „Два сигурно ќе бидат распоредени во Скопје, а останатите во поголемите градови, како што се Струмица, Тетово“, велат од Министерството за здравство.

    Од Министерството за здравство велат дека со оваа набавка ќе го намалат времето за чекање за снимање на мамограф, што е една од дијагностичките процедури за откривање рак на дојка.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира