ВЛАДАТА СЕ ЗАДОЛЖУВА СО 650 МИЛИОНИ ЕВРА

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ВЛАДАТА СЕ ЗАДОЛЖУВА СО 650 МИЛИОНИ ЕВРА

    Владата ја издаде новата еврообврзница, со која Република Македонија ќе се задолжи за 650 милиони евра.

    Одлуката е донесена на 21 јуни и е веќе објавена во Службен весник.

    Еврообврзницата се издава за буџетска поддршка во 2016 година и 2017 година и за рефинансирање на обврските кои достасуваат по основ на отплата на државниот долг на Република Македонија. Рокот на отплата на еврообврзницата ќе биде до 10 години, во зависност од пазарните услови, интересите и побарувањата на инвеститорите, пишува во владината одлука.

    Новото задолжување ќе се реализира во текот на оваа година. Обврзницата ќе биде издадена преку Дојче Банк.

    На Одлуката за задолжувањето од 650 милиони евра, потпишан е заменик- претседателот на Владата Владимир Пешевски.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари