ВЛАДЕ, НАЈТЕШКО Е ДА ИГРАШ ПРЕТСТАВА ПРЕД КАТИЦА

    ВЛАДЕ, НАЈТЕШКО Е ДА ИГРАШ ПРЕТСТАВА ПРЕД КАТИЦА

    Шарената револуција за време на вечерашните протести повторно ја обои зградата на битолското обвинителство. Во последно време овој објект е најчеста мета за боење на шарените револуционери откако полицијата поднесе 26 кривични пријави против битолчани за шарење на општинската зграда, а од СВР изјавија дека било постапувано по барање на основното обвинителстсво.

    Протестот вечерва започна пред Офицерскиот дом, а заврши пред општина Битола. По денешните најави дека СЈО бара притвор за градоначалникот Владимир Талески демонстрантите му порачаа „Владе, најтешко е да играш претстава пред Катица Јанева“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира