ВЛАДИМИР ПАНЧЕВСКИ ПОВЕЌЕ НЕ Е СУДИЈА, СУДСКИОТ СОВЕТ ГО РАЗРЕШИ НА ЗАТВОРЕНА СЕДНИЦА

    ВЛАДИМИР ПАНЧЕВСКИ ПОВЕЌЕ НЕ Е СУДИЈА, СУДСКИОТ СОВЕТ ГО РАЗРЕШИ НА ЗАТВОРЕНА СЕДНИЦАОдлуката на Советот не е правосилна, Панчевски има право на жалба. - Панчевски на распит во Основното јавно обвинителство Скопје на 20 септември минатата година (Фото: СДК.МК)

    Владимир Панчевски, суспендиран судија за прекршоци и поранешен претседател на Основниот суд Скопје 1, денеска е разрешен од судиската функција.

    Одлуката на Советот не е правосилна, Панчевски има право на жалба. Поради тоа, официјална информација за ова, како и за сите разрешувања на судии во принцип, нема да има.

    Членови на Судскиот совет неофицијално брифираат дека денеска Панчевски е разрешен со мнозинство од нивните гласови.

    Во меѓувреме, во Основниот суд Велес не може да почне судскиот процес по обвинение на Скопското јавно обвинителство против Панчевски, за манипулации на АКМИС-от и рачно распределување на предмети кај судии по негов избор.

    Во Судскиот совет е разрешен за нестручно и несовесно работење како судија.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира