ВЛАТКО ЃОРЧЕВ НАЗНАЧЕН ЗА НАЦИОНАЛЕН КООРДИНАТОР ЗА ДЕМОГРАФИЈА, МЛАДИ И ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ

    ВЛАТКО ЃОРЧЕВ НАЗНАЧЕН ЗА НАЦИОНАЛЕН КООРДИНАТОР ЗА ДЕМОГРАФИЈА, МЛАДИ И ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИВлатко Ѓорчев беше пратеник во неколку состави на Собранието од 2006 до 2020 година. (Фото: СДК.МК)

    Поранешниот пратеник на ВМРО-ДПМНЕ Влатко Ѓорчев е назначен за национален координатор за демографија, млади и човечки ресурси на владина седница минатиот вторник, објави БИРН.

    Ѓорчев, кој беше пратеник во неколку состави на Собранието од 2006 до 2020 година, во ноември 2021 година кажа дека решил да почне да работи реалниот сектор.

    „Здраво на сите. Решив да работам во реалниот сектор. Приватно, во своја фирма, во областа на маркетингот, советувањето, трговијата и услугите. Во Македонија секогаш има пофалби и критики. Ако имав државна работа – ќе имаше критики. Ако одиш приватно – повторно критики и неколку честитки. Ако успееш – пак критики. Ако не успееш, тогаш критики и сеир. Животот оди понатаму“, кажа тогаш Ѓорчев.

    Покрај неговата позиција, Владата отворила уште две други позиции за национални координатори, па така, за национален координатор за локална самоуправа е назначена Лилјана Затуроска, исто така, поранешна пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ, а за национален координатор за безбедност на храна е назначена нејзината сопартијка Верче Мицевска.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира