ВНИМАНИЕ: САЈБЕРКРИМИНАЛЦИ СО ЛАЖНА Е-ПОШТА СЕ ПРЕТСТАВУВААТ КАКО ГОРАН МИХАЈЛОВСКИ

    ВНИМАНИЕ: САЈБЕРКРИМИНАЛЦИ СО ЛАЖНА Е-ПОШТА СЕ ПРЕТСТАВУВААТ КАКО ГОРАН МИХАЈЛОВСКИЕ-поштата од оваа и слични адреси не е од Горан Михајловски и може да содржи сомнителни барања, линкови или атачменти. Овие мејлови се злонамерни и треба да бидат избришани веднаш. Вистинската адреса е исклучиво со доменот sdk.mk. (Фото: Принтскрин од лажната адреса)

    Сајберкриминалци се претставуваат како главниот уредник на САКАМДАКАЖАМ.МК Горан Михајловски и испраќаат лажни мејлови користејќи ја адресата [email protected], злоупотребувајќи го неговиот идентитет.

    Е-поштата од оваа и слични адреси не е од Горан Михајловски и може да содржи сомнителни барања, линкови или атачменти. Овие мејлови се злонамерни и треба да бидат избришани веднаш. Вистинската адреса е исклучиво со доменот sdk.mk.

    Ако веќе сте ги отвориле или сте кликнале на некој линк од оваа е-пошта, веднаш преземете чекори да си ги заштитите личните податоци.

    Лажното претставување преку електронска пошта е специфичен тип на сајбернапад и вклучува создавање мејл адреси кои што изгледаат како да се од доверлив извор и се така направени да е тешко да се идентификуваат како измамнички.

    Ваквите напади се често добро таргетирани. Сајберкриминалците таргетираат конкретна личност и истражуваат за неа за да можат да го направат имитирањето потешко за распознавање од вистинската личност.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира