Централното претседателство на ДУИ се уште нема донесено никаква одлука, ниту пак има постигнато некаков договор за коалицирање во новата влада, сооошти пред малку портпаролот на ДУИ Бујар Османи пред седиштето во Мала Речица.
Тој ги демантираше сите шпекулации што се вртат по медиумите и замоли за трпение. Тој рече дека членовите на претседателството се уште дебатираат за сите отворени опции раководејќи се пред се од Платфорамата што партијата ја потпиша со останатите партии на Албанците во Македонија.