ВО ОСНОВНИТЕ ШКОЛИ ЌЕ СЕ УЧИ ЗА ПРИМЕНА НА ВЕШТАЧКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА, НАЈАВИ ЈАНЕВСКА

    ВО ОСНОВНИТЕ ШКОЛИ ЌЕ СЕ УЧИ ЗА ПРИМЕНА НА ВЕШТАЧКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА, НАЈАВИ ЈАНЕВСКАJаневска  на Меѓународниот самит за образовни технологии, што се одржува во Истанбул (20-22 јуни) во организација на Министерството за национално образование и наука на Турција. (Фото: МОН)

    Се подготвува документ со насоки и посебни препораки за наставниците и учениците за примена на вештачка интелигенција (ВИ) во процесот на образованието, рече министерката за образование и наука Весна Јаневска  на Меѓународниот самит за образовни технологии, што се одржува во Истанбул (20-22 јуни) во организација на Министерството за национално образование и наука на Турција.

    Министерката вели дека документот го подготвува работна група на Министерството за образование и наука со професори од факултети по информатика и оти воведувањето на вештачката интелигенција во основното образование е првиот и најкритичен чекор.

    „Децата прво треба да стекнат основно разбирање што е вештачката интелигенција, како функционира, каде се среќава во секојдневието и дека треба да се фокусираат на нејзиниот етички пристап. Учениците мора да научат да бидат критички кон информациите кои ги добиваат од ВИ системите. Треба да бидат свесни дека вештачката интелигенција може да прави грешки и да има пристрасности и затоа податоците и изворите мора да споредуваат. Во таа насока, улогата на наставникот е клучна и тој треба да ги води учениците низ процесот на критичко размислување и етичка употреба на оваа технологија“, рече Јаневска.

    Меѓународниот самит за образовни технологии се организира по шести пат. Оваа година над 100 учесници – креатори на образовни политики од повеќе земји, претставници на образовни установи, глобални техничко-технолошки компании и технолошки паркови се фокусираат на обликување на иднината на образованието преку примена на вештачката интелигенција.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира