Денеска напладне со закана со оружје била ограбена филијала на банка во скопската населба Капиштец. Како што соопшти МВР, три вооружени лица им се заканиле на вработените и одзеле пари, а потоа во близина на грабежот еден од напаѓачите испукал еден куршум. Повредени нема.
„На 08.03.2022 во 12.35 часот во Полициска станица Центар било пријавено дека од експозитура на банка на подрачје на Центар три лица со закана со оружје од вработените одземале пари, по што во близина на местото на настанот едно од лицата испукало еден куршум. Повредени лица нема. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, соопштија од МВР