ВОЗОВИ ЌЕ НЕМА И ДЕНЕСКА, 2.600 ВРАБОТЕНИ ВО МАКЕДОНСКИ ЖЕЛЕЗНИЦИ СИ ГИ БАРААТ ЗАОСТАНАТИТЕ ПЛАТИ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ВОЗОВИ ЌЕ НЕМА И ДЕНЕСКА, 2.600 ВРАБОТЕНИ ВО МАКЕДОНСКИ ЖЕЛЕЗНИЦИ СИ ГИ БАРААТ ЗАОСТАНАТИТЕ ПЛАТИ

    Македонски железници – Транспорт и МЖ – Инфраструктура го продолжуваат бојкотот на железничкиот сообраќај. Возовите нема да сообраќаат ни денеска, иако се очекува преговорите со раководството на Македонски железници околу исплатата на заостанатата декемвриска и јануарската плата, да почнат денеска.

    Синоќа екипа на САКАМДАКАЖАМ.МК ја посети железничката станица во Скопје. Вработениот на единствениот шалтер што беше отворен ни рече дека не се знае кога ќе има воз за каде било. На флаерче со кое се рекламираат новите кинески возови ни запиша телефонски број на кој можеме да се јавиме за да прашаме за редот на возење, ако бојкотот на железничарите заврши.

    МЖ – Транспорт во петокот ја добиле втората половина од декемвриската плата, додека МЖ – Инфраструктура не. Марјан Ристески од синдикатот на МЖ – Инфраструктура за САКАМДАКАЖАМ.МК вели дека во штрајкот остануваат обединети тие со и тие без втората половинка од декемвриската плата и оти нема да се слушне сирена на воз додека компанијата не ги исполни обврските за плата во целост.

    „Што треба, секој месец ние да штрајкуваме за да добиеме плата? Не попуштаме. Бојкотот на железничкиот сообраќај продолжува. Очекуваме денеска да се договориме со раководството. Владата, односно Министерството за транспорт вели дека префрлило средства, банките денеска работат, компанијата може да ни ги префрли заостанатите плати“, вели Ристески.

    Единствениот вработен што го затекнавме ни запиша број на флаерчето со слика на новите возови (Фото: СДК.МК)

    Единствениот вработен што го затекнавме ни запиша број на флаерчето со слика на новите возови (Фото: СДК.МК)

    Во двата сектора, кои се во бојкот, има вкупно околу 2.600 вработени. Тие велат дека не се плашат од откази, бидејќи ако бидат избркани од работа, нема кој да ги замени. Ристески објаснува дека за оваа специфична работа во железничкиот сообраќај, сите имаат поминато посебна обука, полагале испити пред посебна комисија, ги имаат потребните квалификации и сертификати за работа, што не може ад хок да се обезбедат преку ноќ.

    Последен пат овие вработени редовно биле исплаќани за време на мигрантската криза, кога раководството дневно собирало вреќи пари, раскажуваат вработените.

    Од купените вкупно шест нови кинески возови, четири се склопени, но се во гаражите, велат соговорниците. Уште два се во процес на склопување.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира