ВРАБОТЕН НА СТОМАТОЛОГИЈА ЗАРАЗЕН СО БАКТЕРИЈАТА МРСА, ВОНРЕДЕН САНИТАРЕН ПРЕГЛЕД НА КЛИНИКАТА

    ВРАБОТЕН НА СТОМАТОЛОГИЈА ЗАРАЗЕН СО БАКТЕРИЈАТА МРСА, ВОНРЕДЕН САНИТАРЕН ПРЕГЛЕД НА КЛИНИКАТА„Со целосна одговорност ја уверувам јавноста дека нема место за страв кај пациентите. Состојбата е под контрола, преземени се сите мерки за дезинфекција и изолирање на бактеријата“, соопшти директорката на Клиниката за стоматологија Амела Цана (Фото: СДК.МК)

    Кај еден вработен во Универзитетскиот стоматолошки центар „Св. Пантелејмон Скопје“ е потврдено присуство на опасната бактерија МРСА, соопшти Клиниката. МРСА е бактерија која е еден вид од групата на стафилокока и која е резистентна на повеќето видови антибиотици. Таа тешко се лекува и кај пациентите со намален имунитет може да предизвика сериозни компликации и смрт.

    Според соопштението од Стоматолошка клиника, врaботениот е изолиран и не доаѓа на работа, и нема опасност по безбедноста на пациентите.

    „Со целосна одговорност ја уверувам јавноста дека нема место за страв кај пациентите. Состојбата е под контрола, преземени се сите мерки за дезинфекција и изолирање на бактеријата. Превентивно, направена е комплетна дезинфекција на просториите на катот каде вработениот работел, а во тек е дезинфекција и на сите простории“, се вели во соопштението од Клиниката за стоматологија, потпишано од директорката Амела Цана.

    Од Клиниката тврдат дека кај ниту еден од останатите вработени нема сомнителни симптоми.

    „Превентивно, по итна постапка во текот на денешниот ден се закажани термини за санитарен преглед на сите вработени во просториите на клиниката. Апелираме во јавноста да не се создава паника, ниту да се јави сомнеж за сигурно и квалитетно давање на стоматолошки здравствени услуги на нашите пациенти“, велат од Клиниката за стоматологија.

    Е. БОЧВАРОСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира