ВРХОВНИОТ СУД ТРЕБА ДА ОДЛУЧИ ПО БАРАЊЕТО НА ГРУЕВСКИ ЗА ИЗЗЕМАЊЕ НА СУДИИТЕ ЗА УРИВАЊЕТО НА КОСМОС

    ВРХОВНИОТ СУД ТРЕБА ДА ОДЛУЧИ ПО БАРАЊЕТО НА ГРУЕВСКИ ЗА ИЗЗЕМАЊЕ НА СУДИИТЕ ЗА УРИВАЊЕТО НА КОСМОСПратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски на клупата за обвинети во Основниот суд Скопје 1 на денешното судењето за предметот „ТНТ“ на СЈО. (Фото: М. Златевска)

    До пуштање на 26-те „бомби“ за предметот на СЈО „ТНТ“ денеска во Основниот суд Скопје 1 не дојде, затоа што Врховниот суд до крајот на работното време не одлучи за барањето за изземање на судиите што го водат овој случај во Основниот суд Скопје 1. Не одлучи ни за изземањето на в.д. претседателот на Апелацискиот суд Скопје и нејзиниот заменик.

    Непосредно пред да бидат пуштени необјавените прислушувани разговори, адвокатите на обвинетите за одмаздничкото уривање на објектот Космос на Фијат Цаноски: Никола Груевски, Миле Јанакиески, Тони Трајковски и други, побараа да се изземат судиите, поради што судењето продолжи по 15 часот, кога судијата Огнен Ставрев соопшти дека нема одлука од највисокиот суд.

    На прашање до адвокатот кој ги предложи изземањата зошто во обратна ситуација, кога бараше СЈО да бидат изземени „сваровски“ судиите и сите други судии кои беа спомнати во бомбите, ниедна одлука не беше прифатена и тие судии продолжија да одлучуваат и да ги водат предметите на СЈО, адвокатот одговори дека зависи кој одлучувал, без да даде конкретен одговор.

    Судењето продолжува на 13 април, кога треба да се слушаат разговорите за уривањето на Космос.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира