ЗА ДЕЦАТА СО ПОСЕБНИ ПОТРЕБИ ЌЕ НЕМА ВЕЌЕ ПРОБЛЕМ ЗА ПОТВРДИ ЗА ОСЛОБОДУВАЊЕ ОД ПАРТИЦИПАЦИЈА ЗА ЛЕКУВАЊЕ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ЗА ДЕЦАТА СО ПОСЕБНИ ПОТРЕБИ ЌЕ НЕМА ВЕЌЕ ПРОБЛЕМ ЗА ПОТВРДИ ЗА ОСЛОБОДУВАЊЕ ОД ПАРТИЦИПАЦИЈА ЗА ЛЕКУВАЊЕ

    Веќе нема законски пречки за ослободување од партиципација за децата со посебни потреби, корисниците на постојана парична помош, лицата сместени во установи за социјална заштита и во друго семејство и лицата со интелектуална попреченост без родителска грижа, вели министерката за труд и социјална политика, Фросина Ташевска-Ременски.

    „До Центрите за социјални работи ги доставивме осумте унифицирани потврди за статусот на корисникот. Со тоа обезбедивме поедноставено и поефикасно остварување на правото на ослободување од партиципација и го надминуваме недоразбирањето која институција ги издава потврдите. Сега центрите за социјална работа, во зависност од тоа дали корисникот е здравствено осигуран преку МТСП или по друг основ, се задолжени да издадат потврда согласно сo основот на осигурување”, кажа на вчерашната прес-конференција Ташевска-Ременски.

    Ќе има два вида потврди за статусот на корисникот. Една за осигураните преку Министерството за труд и социјална политика, во која ќе биде нагласено дека истите се ослободени од партиципација и средствата за партиципација ќе бидат наплатени од МТСП и друга за осигурани по други основи. За осигураните по други основи, потврдата се издава за да послужи за ослободување од партиципација за здравствени услуги која целосно ја покрива Фондот за здравствено осигурување.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира