ЗА ГАСИФИКАЦИЈА НА ГИНЕКОЛОГИЈА ЧАИР ПРЕДВИДЕНИ СЕ 200 ИЛЈАДИ ЕВРА

    ЗА ГАСИФИКАЦИЈА НА ГИНЕКОЛОГИЈА ЧАИР ПРЕДВИДЕНИ СЕ 200 ИЛЈАДИ ЕВРА„Вчера при посета на болницата во Чаир беа присутни луѓе од инспекторатот укажаа на тоа што треба да се направи во смисла на проверка на тоа зошто се појавил чад од котелот. Укажаа што мислат дека било причина за еден таков инцидент што се средил непосредно по интервенцијата на службата за сервис“, рече Филипче (Фото:Влада)

    Министерство за здравство до петок ќе ја почне постапката за избор на изведувач за промена на системот за греење во специјалната болница за гинекологија и акушерство Чаир. За оваа намена, како што кажа министерот за здравство Венко Филипче одвоени се 12 милиони денари или околу 200 илјади евра.

    Тој вели дека при вчерашната посета на болницата биле присутни и од градскиот инспекторат и разговарал со нив што треба да се смени во системот и како дошло до тоа да чади од оџаците на болницата. Скопскиот градоначалник Петре Шилегов пред неколку дена рече дека на болницата и на Министерството за здравство им дал рок од 30 дена за да го сменат начинот на греење, кој загадува, а Филипче вчера кажа дека проектот за гасификација е веќе готов и дека почнуваат со повик за изведувач.

    „Вчера при посета на болницата во Чаир беа присутни луѓе од инспекторатот укажаа на тоа што треба да се направи во смисла на проверка на тоа зошто се појавил чад од котелот. Укажаа што мислат дека било причина за еден таков инцидент што се средил непосредно по интервенцијата на службата за сервис. Имав и телефонски разговор со градоначалникот Шилегов и му укажав до каде сме со процедурата. Постапката ја почнуваме до петок, се надевам дека во најкраток можен рок ќе се заврши, така како што е пропишано во законите да ја преинсталираме опремата во болницата во Чаир“, рече Филипче.

    Е.БОЧВАРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира