ЗА РЕСТОРАНСКИ УСЛУГИ ЌЕ СЕ ПЛАЌА 10% ДДВ МЕСТО 18%, СПОРЕД ПРЕДЛОЖЕНАТА ВЛАДИНА ПРОГРАМА

    ЗА РЕСТОРАНСКИ УСЛУГИ ЌЕ СЕ ПЛАЌА 10% ДДВ МЕСТО 18%, СПОРЕД ПРЕДЛОЖЕНАТА ВЛАДИНА ПРОГРАМАСогласно предложената владина програма, ќе се подигне прагот за плаќање ДДВ од 2 милиони на 3 милиони годишен промет од 1 јануари 2022. - Ресторан во Скопје (Фото: СДК.МК)

    Во владината програма, предложена од мандатарот Зоран Заев се предвидуваат промени на законот за ДДВ, со кои ќе се намали даночната стапка во неколку области. За ресторански услуги ќе се воведе единствена стапка од 10%, а досега беше 18%. Ќе се намали и стапката на персоналниот данок на доход во ИТ индустријата на 0% до 2023 година, откако претходните две години ќе се намали на 5% и 3%. Од 18% на 5% ќе намали ДДВ-то на занаетчиските услуги.

    Согласно предложената владина програма, ќе се подигне прагот за плаќање ДДВ од 2 милиони на 3 милиони годишен промет од 1 јануари 2022 и ќе се изедначи со прагот на ослободување на данок на добивка до 3 милиони денари годишен промет.

    Промени се предвидени и во проектот „МојДДВ“ со зголемување на лимитот по поединец на 2.300 денари за тромесечие и 9.200 денари годишно, односно на 36.800 денари за просечно четиричлено семејство.

    Собраниската седница за избор на нова влада е закажана за в сабота.

    М. ИЛИОСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира