За влез во Бугарија на граничниот премин Деве Баир има километарска колона и се чека и по три часа, јавуваат граѓани кои денеска се заглавени на приодот кон граничниот премин.
Долга колона со возила има и од бугарската страна на преминот, каде се чека околу час и половина за влез во Македонија.
Според службата за помош и информации на АМСМ, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.
Голем број македонски граѓани викендов се враќаат од скијачките центри Банско и Боровец во Бугарија, но уште поголем број денеска се заминати во спротивен правец.