ЗА ЗЛОУПОТРЕБИТЕ НА ТАЛЕСКИ ЧУВМЕ И ВО РАЗГОВОРИТЕ МЕЃУ ЈАНКУЛОСКА И СТАВРЕСКИ, КАЖА ПЕЛИВАНОВ ОД СЈО НА СУДЕЊЕТО ЗА „ТРАНСПОРТЕР“

    ЗА ЗЛОУПОТРЕБИТЕ НА ТАЛЕСКИ ЧУВМЕ И ВО РАЗГОВОРИТЕ МЕЃУ ЈАНКУЛОСКА И СТАВРЕСКИ, КАЖА ПЕЛИВАНОВ ОД СЈО НА СУДЕЊЕТО ЗА „ТРАНСПОРТЕР“Првообвинет во предметот „Транспортер“ е поранешниот градоначалник на Битола, Владимир Талески“. Специјалниот обвинител Трајче Пеливанов (средина) (Фото: М. Златевска)

    За пола милион евра бил оштетен буџетот на Општина Битола со незаконски склучените договори за превоз на ученици, кажа специјалниот обвинител Трајче Пеливанов при излагањето на обвинението на денешното судско рочиште за предметот „Транспортер“.

    Според обвинението на СЈО, во учебните 2009-2010 и 2010-2011 Општината склучувала договори со фирми превозници спротивно Законот за јавни набавки, односно при распишување на тендерите не била наведена висината на средствата предвидени за оваа намена, а не била формирана ниту тричлена комисија. Поради тоа, за сите договори, разликата меѓу проценетата цена и вредноста на склучените договори е околу 570.000 евра.

    „Станува збор за криминално сценарио во кое покрај првообвинетиот Владимир Талески се вклучени и директорите на училиштата кои прифаќале фактури по повисоки цени. За ваквата бескруполозна злоупотреба на правото на слободен превоз чувме и во прислушуваните разговори меѓу Гордана Јанкулоска и Зоран Ставрески, тогашни министри кои ќе кажат за Талески ‘корумпиран до даска’. СЈО во овој случај бара осудителна пресуда”, рече Пеливанов.

    По излагањето на СЈО, одбраната побара да се одложи судењето оти е доцна и завршило работното вррме на судот. Следното рочиште на кое треба да се произнесат дали се чувствуваат виновни обвинетите е закажано за 23 јануари.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира