Забавата „Информативен разговор“ закажана за утревечер пред полициската станица „Беко“ се преместува за во сабота, информираат организаторите.
Предвидено е забавата да започне во 20 часот, а најавен е и музички перформанс.
Како што пишува во информацијата испратена до Министерството за внатрешни работи, целта на забавата е министерот Митко Чавков да може да ги праша учесниците на „Шарената револуција“ се што го интересира.
Забавата доаѓа откако неколку членови на Хелсиншкиот комитет и учесници во „Шарената револуција“ беа повикани на информативни разговори во полициската станица „Беко“ затоа што со боја фрлале кон институциите и спомениците.