ЗАБРАНА ЗА ВРШЕЊЕ ДЕЈНОСТ ЗА ОРДИНАЦИЈАТА КАДЕ ШТО БИЛ ОПЕРИРАН ПАЦИЕНТОТ КОЈ ПОЧИНА ОД СЕПСА

    ЗАБРАНА ЗА ВРШЕЊЕ ДЕЈНОСТ ЗА ОРДИНАЦИЈАТА КАДЕ ШТО БИЛ ОПЕРИРАН ПАЦИЕНТОТ КОЈ ПОЧИНА ОД СЕПСАНа ординацијата ѝ е изречена времена забрана за вршење на здравствена дејност со поставување на службена лента. (Фото: МИА)

    Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) изрече времена забрана за вршење на здравствена дејност на ординацијата по пластична и реконструктивна хирургија „Др сци мед. К. Митаноски“, каде што беше опериран пациентот кој почина во Градската општа болница „8 Септември“. Станува збор за 39-годишник од Ресен кој имал операција во приватната здравствена установа, по што добил сепса и завчера почина во „8 Септември“.

    Од инспекторатот денеска соопштија дека извршиле вонреден инспекциски надзор во ординацијата за пластична и реконструктивна хирургија во Општина Аеродром.

    „При надзорот, од страна на докторот даден е податок дека операционата сала повремено му ја издава на користење на д-р Ѕвонко Николовски од ПЗУ ’Јанита‘ во Скопје. Починатиот пациент е третиран во оваа сала. Во врска со затекната фактичка состојба од страна на ДСЗИ записнички е изречена времена забрана за вршење на здравствена дејност во наведената ординација со поставување на службена лента, а за кое во наредните денови ќе следат соодветни инспекциски мерки и постапки“, се вели во соопштението на ДСЗИ.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира