ЗАКОНИТЕ ЗА ФИНАНСИРАЊЕ НА ПАРТИИТЕ СЕ ДОБРИ, НО ТРЕБА ДА СЕ РАБОТИ ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ, РЕЧЕ МИНИСТЕРКАТА ЗА ПРАВДА

    ЗАКОНИТЕ ЗА ФИНАНСИРАЊЕ НА ПАРТИИТЕ СЕ ДОБРИ, НО ТРЕБА ДА СЕ РАБОТИ ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ, РЕЧЕ МИНИСТЕРКАТА ЗА ПРАВДАМинистерката за правда Рената Тренеска-Дескоска смета дека изборот на Државната изборна комисија не треба да зависи од донесување на некои закони, односно да се условува со амнестија или со други закони (Фото: Министерство за правда)

    Законите кое се донесуваат за делот за финансирање на политичките партии се добри, но треба да се зајакнат механизмите за нивно спроведување, рече министерката за правда Рената Тренеска-Дескоска. Таа вели кажа дека  од април годинава прекинато е финансирањето на партиите, поради ненавремено доставување на извештаите колку пари потрошиле.

    „Ако имаме 56 партии кои добиваат пари од буџетот за финансирање, во април месец е донесена одлука со која е запрено финансирањето на 26 партиии затоа што ненавремено доставиле извештај и тоа е еден вид контрола која ги мотивира партиите на транспарентност“, рече Тренеска-Дескоска на тркалезната маса за Подобрување на финансирањето на политичките партии, организирана од Националниот демократски институт (НДИ) и невладината органзиација Транспаренси интернешенел Македонија.

    Една од мерките за зајакнување и контролирање на финансирањето на партиите е зголемување на фианасиите од буџетот, но Тренеска-Дескоска рече дека за зголемување на буџетското финансирање мислење треба да даде Министерството за финансии.

    За да се спречи корупцијата во финансирањето на партиите, таа вели дека треба да се зајакнат капацитетите на Антикорупциската комисија, обвинителството, Државниот завод за ревизија и други институции.

    Тренеска-Дескоска смета дека изборот на Државната изборна комисија не треба да зависи од донесување на некои закони, односно да се условува со амнестија или со други закони.

    „Изборот на ДИК не треба да се условува со амнестии или други закони, бидејќи ако се одолговлекува изборот, новиот состав може да влезе неподготвен во спроведување на референдумот за Договорот со Грција“, рече Тренеска-Дескоска.

    Г. ТРПЕНОСКИ

     

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира