ЗАСТРЕЛАН ЕКОНОМСКИОТ ДИРЕКТОР НА ГИНЕКОЛОГИЈА ВАЛОН БЕЉА

    ЗАСТРЕЛАН ЕКОНОМСКИОТ ДИРЕКТОР НА ГИНЕКОЛОГИЈА ВАЛОН БЕЉАВалон Беља од ДУИ беше именуван за организациски директор на Клиниката за гинекологија и акушерство на 4 октомври. - Клиниката за гинекологија (архивска фотографија)

    Економскиот директор на Клиниката за гинекологија и акушерство Валон Беља попладнево бил застрелан во Чаир. Тој е пренесен со повреда на десната потколеница во болницата „Св. Наум Охридски“, каде ќе биде опериран и не е во животна опасност, велат од Министерството за здравство.

    Беља од ДУИ, во октомври годинава беше именуван за организациски директор на Клиниката за гинекологија.

    „Денеска во 17,45 часот е пријавено дека на улица Лазо Трповски било пукано во В. Б. (40) од Скопје во пределот на десната потколеница. Во него пукало лице кое било заедно со Е. Х., Е. А. и Р. Н. В. Б. е пренесен во ГОБ ‘Св. Наум Охридски’. Се работи на расчистување на случајот“, соопштија од МВР за случајот.

    Беља беше член на невладината организација Реалитети, а во 2010 стана лидер на партијата Албански сојуз. Подоцна оваа партија се спои со ДПА на Мендух Тачи, каде Беља беше потпретседател. Откако се повлече од ДПА Беља беше претепан во скопско Кондово од група непознати напаѓачи, по што заврши на Ургентниот центар. Полицијата тогаш информираше дека причина за нападот била претходна нетрпеливост.

    По преминувањето во ДУИ, Беља кој беше вработен во Општина Чаир, во јуни 2016 во канцеларијата на градоначалникот Изет Меџити од истата партија остави куршум завиткан во салфетка. По тој инциден бил приведен во полиција и пуштен, а тврдел дека некој го мести. МВР му поднела пријава за загрозување на безбедноста, а за тој случај уште нема завршница.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира