ЗАТВОРЕНО ПОПЛАВЕНОТО ГРАДИЛИШТЕ КАЈ МНР ПОРАДИ КОЕ ДВА ДЕНА БЕШЕ БЛОКИРАН СООБРАЌАЈОТ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ЗАТВОРЕНО ПОПЛАВЕНОТО ГРАДИЛИШТЕ КАЈ МНР ПОРАДИ КОЕ ДВА ДЕНА БЕШЕ БЛОКИРАН СООБРАЌАЈОТ

    Изградбата на објектот кај зградата на МНР е стопирана од градежната инспекција на Општина Центар, а инвеститорот доби инструкции да ја насочи работата на обезбедување на земјиштето и соседните објекти, откако завчера поради скината канализациска цевка, градилиштето беше поплавено со фекалии. Веднаш до ископот полн со фекалии е зградата на Факултетот за драмски уметности, која нема потпорен ѕид.

    Улицата „Филип Втори“ и мостот „Слобода“ беа блокирани речиси два дена додека траеше испумпувањето на езерцето што се создаде од излеаните фекалии, предизвикувајќи сообраќајна гужва во центарот на градот. Вчера кај градилиштето беа нападнати новинарските екипи на „А1он“ и „ТВ21“ од лице, кое како што велат, не се легитимирало и се заканило дека ќе им ги искрши камерите.

    Општина Центар соопшти дека испитува дали инвеститорот има изготвен елаборат за заштита на градежната јама. Според нив, инвеститор е „Волис Проперт“, изведувач “Рапид Билд“ и надзор „Поинт Дизајн“.

    Јавното претпријатие „Водовод и канализација“, кое работеше на испумпување на фекалиите, најави дека ќе го тужи инвеститорот и ќе бара оштета за направената штета и за санирањето на истата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира