ЗДРУЖЕНИЕТО „ЗЕЛЕНА ЛУПА“ ПОДНЕСЕ КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ ЗА 10-МИНА СУДИИ ШТО ДОЗВОЛИЛЕ ДА ИЗБЕГААТ ГРУЈЕВСКИ И БОШКОВСКИ

    ЗДРУЖЕНИЕТО „ЗЕЛЕНА ЛУПА“ ПОДНЕСЕ КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ ЗА 10-МИНА СУДИИ ШТО ДОЗВОЛИЛЕ ДА ИЗБЕГААТ ГРУЈЕВСКИ И БОШКОВСКИЗдружението „Зелена лупа“ пред денешната прес-конференција за кривичните пријави пред Основниот суд Скопје 1. (Фото: Фејсбук)

    Здружението „Зелена лупа“ поднесе кривични пријави до Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција и иницијатива за поведување одговорност на судии, кои што одлучувале за поранешните функционери на МВР Горан Грујевски и Никола Бошкоски, обвинети од СЈО за незаконското прислушување, и веќе две недели се во бегство. Станува збор за судиите: Цветанка Периќ (Апелационен суд), Дијана Груевска (Основен суд Скопје 1), Џемаил Саити (Врховен суд), Фаик Арслани (Врховен суд), Јово Вангеловски (Врховен суд), Ленка Давитковска (Основен суд Скопје 1), Љиљана Шопова (Апелационен суд), Ристо Катавеновски (Врховен суд), Сафет Кадриу (Апелационен суд), Татјана Михајлова (Основен суд Скопје 1).

    „Поднесуваме кривични пријави и иницијативи за поведување одговорност за  судиите што се одговорни за бегството на Горан Грујовски и Никола Бошковски. Станува збор зa 10-мина судии кои што постапувале во постапката, од Основен суд, Апелационен суд и од Врховен суд. ‘Зелена лупа’ не навлегува во содржината на одлуките, туку во постапката. Тука станува збор за драстично прекршување на самата постапка. Едноставно, се дозволува недозволено право на жалба. Зошто тоа не се дозовлува за нашите предмети“, изјавија  здружението  „Зелена лупа“, на денешната прес-конференција пред Основниот суд Скопје 1 во Скопје.

    Од Здружението додаваат дека ова е прв пример обвинетите лица во постапка за утврдување мерка притвор да се на слобода, што за нив било чудно.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира