На Клиниката за инфективни болести и фебрилни во Скопје состојби почина 56-годишен пациент од Прилеп, лекуван на клиниката од 12 мај, објави Министерството за здравство.
Во изминатите 24 часа направени се 549 тестирања, а регистрирани се 40 нови случаи на КОВИД-19 и тоа во: Скопје-26, Куманово-1, Прилеп-1, Тетово-10, Велес-1, Битола-1.
Направените 549 теста се преку: ИЈЗ –302, Ветеринарен факултет -25, Авицена –24, Биотек -36, Филип Втори (Жан Митрев) –42, Систина со ПЦР метода -26 и МАНУ -94. Досега во земјата се направени вкупно 23.316 тестирања на КОВИД -19.
Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 209 теста се во рамките на скринингот. Денеска е потврден 1 позитивен случај-вработен во градинка во Скопје.
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во изминативе 24 часа примени се 7 нови пациенти, хоспитализирани се вкупно 49 пациенти. На кислородна поддршка се 19, на механичка вентилација се 2 пациенти.
Во Градската општа болница „8 Септември“ примени се 12 нови, а вкупно хоспитализирани 25 пациенти. На респиратор се 3, а со потешка клиничка слика се уште 2 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 7, на домашно лекување се следат уште 3 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани 5 пациенти, нема пациенти кои се следат на домашно лекување. На инфективните одделенија во Тетово, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 45 пациенти, позитивни и сомнителни на КОВИД-19.
Вкупно ковид дијагностицирани во нашата земја се 1.898, оздравени пациенти се 1.378, починати е 111, а во моментов активни случаи се 409.
Оздравени се 11 пациенти во: Скопје-2, Штип-1, Прилеп-4, Велес-2, Кочани-2.
Последната дистрибуција по градови е:
Скопје – 673, активни 169
Куманово – 419, активни 23
Дебар – 51, активни 0
Штип-38, активни 3
Прилеп –204, активни 55
Тетово – 161, активни 73
Струга – 71, активни 5
Велес – 127, активни 52
Битола –28, активни 9
Охрид –21, активни 6
Кавадарци – 5, активни 0
Гостивар –21, активни 4
Гевгелија – 4, активни 0
Струмица – 3, активни 1
Крива Паланка- 6, активни 1
Радовиш – 4, активни 0
Крушево – 3, активни 0
Кочани – 31, активни 1
Пробиштип – 2, активни 0
Кичево – 2, активни 0
Неготино -9, активни 2 (7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Демир Хисар – 1, активни 0
Македонски Брод – 2, активни 0
Пехчево- 3, активни 1
Делчево-1, активни 0
Валандово -1, активни 0
Виница – 3, активни 1
Кратово-2, активни 1
Берово-1, активни 1
Свети Николе-1, активни 1
Б. НЕСТОРОСКА