„АМЕРИКАНСКА ФАБРИКА“ ГО ПОБЕДИ „МЕДЕНА ЗЕМЈА“ НА ОСКАРИТЕ ЗА НАЈДОБАР ДОКУМЕНТАРЕЦ

    „АМЕРИКАНСКА ФАБРИКА“ ГО ПОБЕДИ „МЕДЕНА ЗЕМЈА“ НА ОСКАРИТЕ ЗА НАЈДОБАР ДОКУМЕНТАРЕЦОскарот вечерва отиде кај „Американска фабрика“ на Стивен Богнар и Џулија Рајнхард, првиот филм во продукција на нoвата куќа на Барак и Мишел Обама „Хајер граунд“. (Фото: АМПАС)

    Македонскиот „ Медена земја“ на режисерите Тамара Котевска и Љубо Стефанов не доби Оскар за најдобар документарен филм. Оскарот вечерва отиде кај „Американска фабрика“ на Стивен Богнар и Џулија Рајнхард, кој синоќа ја доби и наградата Независен дух за најдобар документарец, која важи за предвесник на Оскарите. Ова е првиот филм во продукција на нoвата куќа на Барак и Мишел Обама „Хајер граунд“, а е за пропаднатaта фабрика на Џенерал моторс во Дејтон, Охајо, која ќе ја купи кинески милијардер и ќе ги поништи работничките и други права на вработените.

    Меѓу петте номинирани за најдобар документарец покрај „Медена земја“ беа и „Пештерата“, „Работ на демократијата“ и „За Сама“.

    „Медена земја“ вечерва има уште една шанса за Оскар, оти е номиниран во уште една категорија, за најдобар странски филм заедно со  „Корпус Кристи“ од Полска, „Клетници“ од Франција, „Болка и слава“ од Шпанија и „Паразит“ од Јужна Кореја.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира