ДОДЕКА ГО СПРЕМАВ ЖЕЖОВСКИ ЗА ВО ДУПКАТА, ПАЛЕВСКИ ОДЕДНАШ МУ ПУКНА ВО СЛЕПООЧНИЦАТА И МИ КАЖА: „ВАКА Е ПОЧИСТО!”, СВЕДОЧИ ВЕЛИБОР МАНЕВ

    ДОДЕКА ГО СПРЕМАВ ЖЕЖОВСКИ ЗА ВО ДУПКАТА, ПАЛЕВСКИ ОДЕДНАШ МУ ПУКНА ВО СЛЕПООЧНИЦАТА И МИ КАЖА: „ВАКА Е ПОЧИСТО!”, СВЕДОЧИ ВЕЛИБОР МАНЕВПрвообвинетиот Љупчо Палевски во судница во Основниот кривичен суд Скопје. (Фото: СДК.МК)

    На денешното судење, обвинетиот Велибор Манев продолжи да признава како ги извршиле монструозните киднапирања и убиства на велешанецот Панче Жежовски и на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје, на чело со мозокот на операциите, првобвинетиот Љупчо Палевски.

    „Панче мене ме познава, па одлучивме Боре Видевски да тропне на врата, да го бутне, да го врзе и ние да влеземе. Инструкциите му ги даде Палчо. Боре така направи. Му стави рака да не вика. Бевме под маски не нè’ позна. Јас почнав да му ги врзувам рацете на Панче. Палчо се рашета низ куќата, ги најде и ги зема клучевите од колата. Отиде, ја бутна церадата од ‘ситроенот’. Тој ја палеше колата, а јас и Боре го изнесуваме Панче за да го ставиме во гепек. Се симнавме потоа доле кај што беше ‘реното кангу’, со кое дојдоа Палчо и Влатко Кешишев. Ставивме гориво во колата на Панче. За тоа бреме Палевски го фрли телефонот на грабнатиот во долот. Се упативме кон земуницата за да го спуштиме Панче во неа“, сведочеше Манев.

    Поминале покрај хотелот „Романтик“ и брегот на Велешкото езеро, кон местото со дупките, викано Рудник.

    „Прв Палевски го возеше ‘реното кангу’ со Влатко Кешишев внатре, зад него јас и Боре Видевски со ситроенот и грабнатиот во гепекот“, кажа Манев и продолжи:

    „Го изнесовме Панче од колата, го донесовме до капакот, вратата на земуницата. Беше легнат до самиот отвор, да да можам да го одврзам и ставам внатре. Кешишев со рено кангуто остана да чека на 300 метри оддалеченост, а Љупчо Палевски дојде со нас горе. Додека се наведнав да го одврзувам, Љупчо Палевски му испука куршум во слепоочницата. Срипав, останав без зборови. Истрчав од местото, застанав во една ситуација пред колабирање. Се тресев од тоа што го видов. Потоа го забележав како и Боре излегува молчешкум од таму. Палевски го моташе Панче во церада“

    „Зошто вака, го прашав“, го прашал Палчо.

    „Вака е почисто, немој да се секираш“, му рекол Палчо.

    „Јас му кажав дека не можам да продолжам вака, јас не сум ни сонил дека ќе учествувам во убивање човек“, сведочеше обвинетиот Манев.

    „Ме удри со раката Палчо и ми кажа: ‘Да не расипуваме пријателство, имаш убава фамилија’!”, тврди Манев.

    За тоа време Љупчо Палевски нешто запишуваше на ливче. Има право и тој да го исспрашува кога ќе заврши бранителот на Манев, Горан Бошевски.

    На прашање, Манев кажа дека го затрупале местото со трупот на Панче Жежовски. По убиството, ја зел колата на Панче да ја вози за Скопје.

    Палчо возел прв.

    Судењето е во тек. Обвинети за киднапирањата и убиствата на Панче Жежовски и Вања Ѓорчевска се Љупчо Палевски, Боре Видевски, Велибор Манев, Влатко Кешишев и Александар Ѓорчевски.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира