МАКЕДОНИЈА ЌЕ ГИ УКИНЕ СИТЕ ЦАРИНИ ЗА САД И ЌЕ УВЕЗУВА АМЕРИКАНСКИ ТЕЧЕН ГАС ПРЕКУ ГРЦИЈА, ДЕЛ ОД МАКЕДОНСКИОТ ИЗВОЗ НЕМА ДА СЕ ЦАРИНИ

    МАКЕДОНИЈА ЌЕ ГИ УКИНЕ СИТЕ ЦАРИНИ ЗА САД И ЌЕ УВЕЗУВА АМЕРИКАНСКИ ТЕЧЕН ГАС ПРЕКУ ГРЦИЈА, ДЕЛ ОД МАКЕДОНСКИОТ ИЗВОЗ НЕМА ДА СЕ ЦАРИНИБелата куќа кажа дека САД и Македонија ќе работат на финализирање на Договорот и на подготовка за негово потпишување. - Муцунски со државниот секретар Марко Рубио (Фото: СДК.МК)

    САД и Македонија постигнаа Рамковен договор за реципрочна, фер и балансирана трговија за зајакнување на нивните билатерални економски односи, што ќе им обезбеди на извозниците проширен пристап до пазарот на другата земја. Белата куќа објави дека Договорот ќе ги зајакне трговските односи, ќе ги поддржи заедничките стратешки интереси, ќе го промовира економскиот раст и ќе го продлабочи трансатлантското партнерство помеѓу двете земји.

    Според Договорот, Македонија ќе ги укине царинските давачки за сите увезени американски индустриски и земјоделски стоки, додека САД ја задржуваат реципрочната царина од 15%, како што е наведено во извршната наредба од 2 април 2005 и ќе ги идентификуваат производите од листата наведена во извршната наредба од 5 септември 2025 кои ќе добијат реципрочна царинска стапка од нула проценти. САД и Македонија можат да разгледаат други модификации на царините по склучувањето на Договорот.

    „Важно е да бидеме прецизни: САД ќе ја задржат реципрочната царина од 15% за производите со потекло од нашата држава, додека паралелно ќе се идентификуваат производи што ќе добијат до нула проценти реципрочна тарифа. Со други зборови, за дел од клучните индустрии и производи царините ќе се намалат до нула. Усогласивме заедничка изјава и рамка за Договорот за реципрочна, фер и балансирана трговија, со што ја зајакнуваме билатералната економска соработка и отвораме поголем пристап до американскиот пазар за македонските компании“, кажа министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски.

    Во енергетскиот сектор, САД и Македонија ја земаат предвид изградбата на нов гасен интерконектор меѓу Македонија и Грција, што ќе ѝ овозможи на Македонија да ја зголеми енергетската безбедност и да ги диверзифицира изворите на енергија, вклучително и преку купување американски течен природен гас (ЛНГ). Македонија ќе започне со купување американски ЛНГ по завршувањето на новиот гасен интерконектор.

    Македонија се обврзува да усвои и одржува високо ниво на заштита на животната средина и ефикасно да ги спроведува своите закони за животна средина.

    САД и Македонија се обврзаа да ја зајакнат економската и националната безбедносна соработка и да не воведуваат данок на дигитални услуги.

    Белата куќа кажа дека САД и Северна Македонија ќе работат на финализирање на Договорот, подготовка на негово потпишување и на преземање домашни формалности пред да стапи во сила.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира