Вкупно 69 независни граѓански листи за советници кои учествуваа на вчерашните локални избори, освоија 58.607 гласови, покажуваат првичните неофицијални резултати на Државната изборна комисија (ДИК) по обработени 99,93 отсто од гласовите. Со овој резултат, независните листи се позиционираат како петта политичка сила во државата.
Според податоците од ДИК, најмногу гласови за советнички листи освои коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ со 301.799, по што следи коалицијата на СДСМ со 124.300 гласови. Коалицијата на ДУИ освои 114.000 гласови, а коалицијата Вреди 92.000 гласови.
Потоа следуваат Левица со освоени 56.287 гласови, додека партијата ЗНАМ освои 38.034 гласови.
На претходните локални избори, учествуваа 57 независни листи кои заедно освоија 56.000 гласови, што покажува тренд на раст како во бројот на листи, така и во поддршката од гласачите.