ОБЈАВЕНА ИЗЈАВАТА СО ПОТПИС НА МИНИСТЕРКАТА САЊА БОЖИНОВСКА СО КОЈА ТАА ПОТВРДУВА ДЕКА ИМА БУГАРСКА САМОСВЕСТ

    ОБЈАВЕНА ИЗЈАВАТА СО ПОТПИС НА МИНИСТЕРКАТА САЊА БОЖИНОВСКА СО КОЈА ТАА ПОТВРДУВА ДЕКА ИМА БУГАРСКА САМОСВЕСТНе е познато дали Божиновска гласала на изборите за бугарскиот парламент викендов, на кои што во бугарските дипломатско-конзуларни претставништва во Македонија гласаа 327 бугарски државјани. (Фото: БГНЕС/Влада)

    Во октомври 2004 година, министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска своерачно потпишала дека има бугарска самосвест и бугарско потекло, при апликацијата за бугарското државјанство, објави бугарски „БГНЕС“. Бугарската агенција ја објави и декларацијата, во која што Божиновска потврдува дека бугарско потекло имаат и нејзините родители, Перо и Виолета.

    „БГНЕС“ потсетува дека Божиновска на 18 октомври на социјалните мрежи напиша дека ниту еден македонски граѓанин не ја потпишал декларацијата, туку тоа го прават бугарски адвокати кои земаат пари за посредување.

    Од „БГНЕС“ велат дека спротивно на нејзиното тврдење, Божиновска лично, а не адвокати, ја потпишала декларацијата, во која што е наведено: „изјавувам, дека имам бугарска национална самосвест и имам бугарско потекло“.

    Во декларацијата, велат од „БГНЕС“, не е наведено дека зема бугарско државјанство од „економски причини“ или за „работа во странство“, како што тврди македонската министерка.

    „Благодарение на бугарските лични документи, Божиновска го завршува високото економско образование во чешката престолнина Прага со преференцијални услови, затоа што е граѓанин на држава членка на ЕУ. Подоцна таа успева да добие и чешко државјанство поради долгогодишниот престој во Чешка, одново благодарение на бугарскиот пасош“, се вели во текстот на „БГНЕС“.

    Од бугарскиот медиум велат и дека таа во 2023 година во бугарските институции поднела декларација за престој во странство (Чешка) и го потврдува работното место, управител во локална фирма. Македонската министерка работела и како директорка на хрватската компанија „Руднап“ како бугарски граѓанин, што е потврдено со регистрацијата во Трговскиот суд во Загреб.

    По стапување на функцијата во јуни годинава, Божиновска првично кажа дека нема бугарско државјанство, за потоа да каже дека поднела барање за отпуст од бугарско државјанство.

    Од „БГНЕС“ велат дека Божиновска поднела молба за отпуст во септември минатата година, но сè уште нема добиено указ за ослободување од државјанството.

    Не е познато дали Божиновска гласала на изборите за бугарскиот парламент викендов, на кои што во бугарските дипломатско-конзуларни претставништва во Македонија гласаа 327 бугарски државјани. Бидејќи станува збор за приватна работа, не ја прашавме министерката дали излегла на изборите.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира