Сведочењето од мајката на Ивана која на 2 март се самоуби со детето, трае денеска во Кривичниот суд Скопје, за тоа што преживувала нејзината ќерка додека полицијата не преземала ништо и ги убедувала: „Ај сега смирете се”.
Во август, жртвата Ивана собрала храброст да се врати кај родителите по тешкото секојдневно насилство што го трпела пред детето.
Но, пред да каже за настанот со кој се прелеала чашата, обвинителката го праша сведокот, мајката на Ивана, за насилството и откако заминала Ивана, а за кое полицијaта не презела ништо.
Кога во август откај мајка и отишла Ивана во заедничкиот стан во Карпош да земе лични ствари, таму бил Стојанче. И се фрлил да ја дави.
„Ми се јави мајката на Мартин Саздов, другарот на Стојанче, ми кажа дека Ивана била нападната од Стојанче и оти некако излегла. Ме советуваше да пријавам во полиција зашто по физичкиот напад од сопругот, не знаеле каде е Ивана. Пријавив, полицијата ме викна во станица. Отидов со Катја. Дојде и Ивана со оток и црвенило на вратот и модрици на рацете. Ја зедоа Катја горе да ја анимираат и опуштат, но и да разговараат со детето”, раскажа мајката Љубица.
Ивана утредента од страв не отишла да го потпише извештајот.
Потоа Ивана почнала бракоразводна парница.
Мартин Саздов е другар со Стојанче, рече мајката на покојната Ивана. Преку Стојанче се знаеле со Ивана .
„Враќајќи се лани од свадба од Штип, Ивана го згрешила патот. Се скарале, го запрел возилото. Ги извадил надвор, фатил да ја удира на сред автопат. Откако ја изнатепал, ги оставил неа и детето сред автопат во глуво доба и си заминал“, кажа сведокот.
Катја подоцна се пожалила дека и неа Стојанче ја удрил. Се јавила Ивана кај свекрвата да дојде да ги земе, таа и рекла дека ја боли стомак, не може да дојде, а не сакал ни свекорот. Се јавила кај Мартин Саздов, ги зел од автопат Ивана и Катја, ги однел дома кај нив.
По ова, Ивана си зела работи од станот и дошла кај родителите, кажувајќи: „Тато не можам да издржам веќе!” .
За Катја, Љубица кажа дека и покрај се што се изнагледала од насилство врз мајка и, таа имала љубов во срцето за татко и.
Но, многу се исплашила кога на сред автопат ја легнал доле Ивана и ја удирал легната кај стигне.
„Му се јавил на Мартин и му рекол:’ Двете курви ги натепав’.”, тврди мајката на Ивана.
За сведок е викнат и Мартин.
Катја ја прашала баба и Љубица: „Како може тета Ивана (сестрата на Стојанче) да ме сака, а тато да е лош? Може ли сестра да е добра, а брат да е лош?”.
Почнала бракоразводната постапка. Кога му ја давала на Стојанче да ја прошета и дружи, Ивана останувала на клупа и чекала пред зграда дали ќе ја врати.
Детето раскажувало: „Мамо бевме со една жена со машко дете и жената јадеше, па изрони храна во кола. Тато неа и рече: ништо, ништо, а нас не исфрла од кола ако извалкаме”, сведочеше Љубица.
- ОТКАКО СЕ СМЕЕШЕ НА ОБВИНЕНИЕТО, СТОЈАНЧЕ ЈОВАНОВСКИ ПЛАЧЕЈЌИ СЕ ИЗЈАСНИ ЗА ВИНОВЕН ЗА СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО И ТЕЛЕСНИ ПОВРЕДИ, ПА СЕ ПРЕМИСЛИ
- „МАМА ВАКА ЧУЧНУВАШЕ ДОЛЕ ЗА ТАТО ДА ЈА ШУТИРА, ТЕ МОЛАМ БАБО НЕ КАЖУВАЈ”, Ѝ РАСКАЖУВАЛА ПОКОЈНАТА 6-ГОДИШНА КАТЈА НА БАБАТА КОЈА СВЕДОЧИ НА СУДЕЊЕТО НА СТОЈАНЧЕ ЈОВАНОВСКИ
- ОБВИНЕТИОТ СТОЈАНЧЕ ЈОВАНОВСКИ, КОЈ ЈА НАВЕДЕ СОПРУГАТА ИВАНА ДА СКОКНЕ ОД ШЕСТИ КАТ СОСЕ 6-ГОДИШНАТА ЌЕРКА, СЕ СМЕЕШЕ ДОДЕКА ОБВИНИТЕЛКАТА ЧИТАШЕ ШТО ИМ ПРАВЕЛ
На прашање, таа одговори дека на училиште знаеле дека родителите и се во парница и оти детето гледало насилство, малтретирање, неубави работи.
Ивана после тепањето на автопат останала кај нејзините, но само до 19 декември, на куќната слава на родителите Свети Никола, кога отишла да живее пак со Стојанче во заедничкиот стан на „Теодосиј Гологанов”.
На прашање на обвинителката, Љубица кажа дека Ивана била и хоспитализирана поради хематом во абдоменот предизвикан од силен удар. Разградувањето на хематомот било опасно, рекле лекарите, очекувале итна операција и затоа ја задржале во болница.
Љубица не знаела од кого е ударот. Утредента му купила и јадење.
„Кога отидовме со сестра ми во болница да ја видиме Ивана, дознав дека била бутната по скали”, кажа мајката на Ивана.
Стојанче дошол на посета со Катја. И во болница ја бутнал по скали, паднала до долу. Ја кренал болничар, ја однеле веднаш на компјутер главата да и ја снимат.
Медицинските сестри ја прибрале Катја, зашто им кажала дека е гладна.
„Вчера јадевме ѓевречиња, тато ме заклучи и отиде да вежба”, им кажало детето на сестрите.
Хирургија била блокирана, дошла полиција и социјални служби, но тој го зел детето дома.
Ивана од болница се вратила во домот кај детето. Таа ги плаќала сметките, го уредувала станот.
За семејно насилство, односно за насилство врз Ивана, во полиција го пријавила и мајката на Стојанче својот син.
Судењето продолжува.
С. К. ДЕЛЕВСКА



