ПОРАНЕШНИОТ ВОЈНИК НА ОВК БЛЕРИМ РАМАДАНИ ИЗБЕГАЛ ОД КУЌЕН ПРИТВОР, БЕШЕ УАПСЕН ВО ЈАЖИНЦЕ ПО СРПСКА ПОТЕРНИЦА ЗА ВОЕНИ ЗЛОСТОРСТВА ВО КОСОВО

    ПОРАНЕШНИОТ ВОЈНИК НА ОВК БЛЕРИМ РАМАДАНИ ИЗБЕГАЛ ОД КУЌЕН ПРИТВОР, БЕШЕ УАПСЕН ВО ЈАЖИНЦЕ ПО СРПСКА ПОТЕРНИЦА ЗА ВОЕНИ ЗЛОСТОРСТВА ВО КОСОВОНекој од Кривичниот суд денеска му дојавил на Рамадани дека ќе се враќа во Шутка, па истиот момент избегал од Македонија. (Фото: СДК.МК)

    Поранешниот војник на ОВК, Блерим Рамадани од Косово, кого го бара Република Србија по потерница и екстрадиција, денеска избегал од куќен притвор од домот на роднини во Македонија, неофицијално дознава САКАМДАКАЖАМ.МК.

    Тој беше уапсен на 17 јули 2024 на граничниот премин Јажинце и однесен на 30 дена екстрадиционен притвор во затворот во Шутка. Србија го бара по потерница поради сомнежи за злосторства во војната на Косово пред 25 години.

    Но, судијата на претходна постапка Пајазит Пајазити од Кривичниот суд Скопје од екстрадиционен, го стави Рамадани во куќен притвор, на пријавена адреса на роднини/пријатели на осомничениот Рамадани.

    По жалба на Обвинителството, како што дознава САКАМДАКАЖАМ.МК, денеска тројца судии од кривичен совет му одредиле на Рамадани ефективен притвор од 30 дена поради опасност да избега.

    Некој од Кривичниот суд денеска му дојавил на Рамадани дека ќе се враќа во Шутка, па истиот момент избегал од Македонија, велат наши извори од истрагата.

    САКАМДАКАЖАМ.МК праша во МВР дали бараниот Рамадани денеска паралелно со судиската одлука избегал од државава, но не добивме одговор до објавување на текстот.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира