ПРЕД ДА ЈА ГРАБНАТ ВАЊА, ПАЛЧО ПРВО САКАЛ ДА ГО КИДНАПИРА ДИРЕКТОРОТ НА ГРАНИТ, А ПОТОА 38-ГОДИШНА ЌЕРКА НА СОПСТВЕНИК НА ВЕЛЕДРОГЕРИЈА

    ПРЕД ДА ЈА ГРАБНАТ ВАЊА, ПАЛЧО ПРВО САКАЛ ДА ГО КИДНАПИРА ДИРЕКТОРОТ НА ГРАНИТ, А ПОТОА 38-ГОДИШНА ЌЕРКА НА СОПСТВЕНИК НА ВЕЛЕДРОГЕРИЈАОбвинетиот Велибор Манев денеска сведочи во Основниот кривичен суд Скопје. (Фото: СДК.МК)

    Во продолжение на денешното судење за грабнувањата и убиствата на Панче Жежовски и Вања Ѓорчевска, обвинетиот Велибор Манев сведочеше дека по доаѓањето во Скопје и довезувањето на „ситроенот“ на убиениот Панче Жежовски, сакале со Боре Видевски да заминат од Скопје. Потоа тој сведочеше дека првообвинетиот Љупчо Палевски – Палчо сакал да киднапираат уште две лица, директорот на „Гранит’, како и ќерка на сопственик на веледрогерија.

    „Зошто е сево ова?“, го прашал Манев првообвинетиот Љупчо Палевски.

    „Прекини Вељо! Ништо не разбираш!”, му рекол заканувачки Палчо.

    Сакале да си одат со Боре за Велес, со автобус. Палевски му рекол: „Еве ти го ‘реното кангу’, да се вратите вечер.

    „Вечерта нè однесе во местото Оризови дупки, над Скопје. Мислев тука ќе се чува грабнатата жена на возраст од 38-40 години. Се вративме во канцеларија. Во четвртокот рано на 24 ноември година тргнавме да ја грабнеме жената. Отидовме со ‘ситроенот’ на Панче и со ‘реното кангу’. Задоцнивме. Се вративме во канцеларија па со ‘кангуто’ продолживме за Велес”, сведочеше Манев.

    „Кога следен пат дојдовте во Скопје?“, праша неговиот адвокат.

    „Четвртокот вечерта повторно дојдовме за да пробаме повторно да ја киднапираме жената. Петокот сабајле повторно застанавме во зградата. Палчо рече да се бутне жената прво, да се донесе до сутеренот и таму да ја врземе. Не успеавме, се одложи и ова грабнување“, одговори Манев.

    „Која личност сакавте да ја грабнете?“, праша адвокатот.

    „Претходно Палевски спомнуваше повеќе личности за киднапирање. Едната личност, беше директор на ‘Гранит’. Потоа се одлучи за жена, ќерка на некој од фармацевтскиве куќи. Ја следел кога излегува, каде работи, ја сликал. Жената навистина изгледаше на 38-годишна возраст и не личеше на дете”, сведочеше Велибор Манев.

    По неуспешните киднапирања, дошол 27.11.2023 година, денот на грабнувањето и убиството на Вања.

    Судењето е во тек. Обвинети за киднапирањата и убиствата на Панче Жежовски и Вања Ѓорчевска се Љупчо Палевски, Боре Видевски, Велибор Манев, Влатко Кешишев и Александар Ѓорчевски.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира