Уште не се поминати административните процедури во Владата за Предлог-законот за заштита од пушење да стигне во Собрание, кажа денеска министерот за здравство Азир Алиу.
Првично беше најавено дека законот ќе почне да се применува од 1 март, но беше одложен поради реакции и забелешки од угостителите и тутунската индустрија. Алиу неколкупати досега најави дека ќе биде ставен на владина седница.
„Предлог-законот ги помина буквално сите филтри и од законодавство и доби позитивни мислења од сите учесници. На 30 мај го имаме последниот состанок заедно со сите учесници и од наредната недела веќе завршуваат тие административни процедури во Владата за да може истиот да да биде дел од материјалите во Собранието. Така што, од сите аспекти законот веќе е завршен и имаме краен документ како таков и истиот ќе биде веќе доставен во Собрание“, одовори Алиу на новинарско прашање на денешната прес-конференција во чест на Светскиот ден без тутун.
Министерот рече дека примената на законот ќе биде веднаш по изгласувањето.
„Имаме само две одредби таму каде што имаме одложување, за инфраструктурата на терасите за да може да се прилагодат кон барањата на законот. Другото ќе биде од истиот ден кога законот ќе биде изгласан, од истиот ден законот ќе биде во сила“, додаде тој.
Директорката на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) Марија Андоновска рече дека според податоците на Институтот, од истражувањето од 2023 година, изработено со Светската здравствена организација (СЗО), Министерство за здравство, 45,4% од возрасната популација се изјасниле како активни пушачи. Истражувањето кое што го направивиле со сите училишта на деца на возраст до 16 години, исто така покажува висок процент.
„Процентот е значително над европскиот просек на Светската здравствена организација кој изнесува 25%. Дополнително загрижува и фактот што пушењето кај нас во голема мера се смета за општествено прифатлива навика. Само 17% од граѓаните во Македонија изразуваат неодобрување кон пушењето.
Употребата на тутун е директно поврзана со бројни заболувања, меѓу кои кардиоваскуларните, хронично-белодробните заболувања, мозочниот удар, разни видови малигни заболувања, промени со бременоста и слично. Никотинот создава силна зависност, поради што многу луѓе тешко успеваат да се откажат од пушењето, дури и кога се свесни за последиците.
Особено загрижува фактот што сѐ повеќе млади лица започнуваат со употреба на никотински производи уште во многу рана возраст, со што ризикот од долгорочни здравствени последици дополнително се зголемува. Товарот од болести поврзани со пушењето има сериозно влијание не само врз поединецот, туку и врз целиот здравствен систем. На годишно ниво умираат по 12.000 граѓани поради болести предизвикани од пушење“, додаде Андоновска.
Претставникот на Светската здравствена организација (СЗО) за Македонија, Аким Али, рече дека тутунската индустрија еврлуирала, ги маскира произиводите за да им се доближи на младите.
„Предизвикот овде е што овие производи се особено привлечни за младите. Зад светлите бои, елегантното пакување и слатките вкусови лежи јасна намера да се нормализира употребата на никотин и да се создаде доживотна зависност кај младите. Ова не е прифатливо. Забранувањето на вкусовите спасува животи, бидејќи младите луѓе се намерно таргетирани. Важно е активностите за јавно здравје за намалување на зависноста од никотин да развиваат вкусови како што се нане, боровинка, лубеница, не се безопасни. Тие се специјално дизајнирани да ја маскираат суровоста на никотинот и да ги олеснат производите за употреба, особено за младите“, вели Али.
Според него, 14 од 100 млади луѓе во земјава користат тутун, а 9 проценти од нив користат електорнски цигари. Тој додаде дека од последното истражување во 2016 , употребата на електронски цигари цигари двојно е зголемена.
- КАФЕАНИТЕ ЌЕ МОРА ДА НАПРАВАТ ПОСЕБЕН ВЛЕЗ ЗА НЕПУШАЧКИ ДЕЛ, ПРЕДЛОГ-ЗАКОНОТ ЗА ПУШЕЊЕ НА 24 МАРТ ЌЕ БИДЕ НА ВЛАДИНА СЕДНИЦА
- КАФЕАНЏИИТЕ ЌЕ ДОБИЈАТ ВРЕМЕ ДА СЕ ПРИЛАГОДАТ НА ЗАКОНОТ ЗА ПУШЕЊЕ, КАЖА МИНИСТЕРОТ АЛИУ
Б. НЕСТОРОСКА



