Потпретседателката Делси Родригес изјави дека Николас Мадуро е единствениот претседател на Венецуела. Родригес се огласи неколку часа откако Доналд Трамп кажа дека таа е новиот лидер на земјата по американската воена акција во која беше заробен Мадуро.
Таа порача дека владата е подготвена да ја брани Венецуела откако Трамп кажа дека САД ќе управуваат со земјата. Трамп исто така изјави дека Родригес имала долг разговор со државниот секретар Марко Рубио и дека таа „е подготвена да го стори она што е потребно за Венецуела повторно да стане голема“.
- АКЦИЈАТА ЗА ФАЌАЊЕ НА МАДУРО СЕ ПОДГОТВУВАЛА СО МЕСЕЦИ, ЦИА ИМАЛА ИЗВОР ВО ВЛАДАТА НА ВЕНЕЦУЕЛА
- САД ПРИВРЕМЕНО ЌЕ УПРАВУВААТ СО ВЕНЕЦУЕЛА ПО СОБОРУВАЊЕТО НА МАДУРО, КАЖА ТРАМП
„Владата на САД лансираше невидена воена агресија против Боливарската Република Венецуела. Венецуела никогаш повеќе нема да биде нечија колонија, ниту на стари империи, ниту на нови империи, ниту на империи во пропаѓање. Во земјата има јасна влада, отворени сме за дијалог заснован врз почитување и закони“, кажа 56-годишната Родригес, која е на функцијата од 2018.
Таа додаде дека натамошен одговор од владата може да се очекува во следните часови.
Се очекува Мадуро вечерва да пристигне во Њујорк, а во суд треба да се појави в понеделник. Против него веќе се покренати обвиненија поврзани со дрога и оружје.



