ДЕЦА СО РАЗЛИЧНОСТИ ОД СТРУМИЦА СНИМААТ ВИДЕО ЗА СКОПСКИОТ ФИЛМСКИ ФЕСТИВАЛ

a:1:{s:9:"td_source";s:49:"Струмица,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ДЕЦА СО РАЗЛИЧНОСТИ ОД СТРУМИЦА СНИМААТ ВИДЕО ЗА СКОПСКИОТ ФИЛМСКИ ФЕСТИВАЛ

    „Сакам да направам филм за мојот другар кој дава многу кошови. Со брат ми одиме на неговите натпревари, а сега ќе го снимам. Да покажам каде учи и како дава кошови“, е желбата на 13-годишниот Петар од основното училиште „Сандо Масев“, кој чекаше ред за камера да го сними својот другар со кого во меѓувреме играа со топка. Тие двајцата се вклучени во проектот „Креираме заедно“ на Скопскиот филмски фестивал и Здружението за поддршка на деца и млади со различности „Сина птица“ од Скопје, чија цел е да ги презентира потенцијалите и креативноста кај децата кои имаат посебни потреби.

    Петар, кој тешко зборуваше, е убеден дека ќе направи добар видеозапис за својот другар со кого се дружат секојдневно.

    На работилницата во Струмица децата снимаа и видеоинтервјуа (Фото: СДК.МК)

    На работилницата во Струмица децата снимаа и видеоинтервјуа (Фото: СДК.МК)

    На спротивната страна пак Атанас даваше изјава пред камера. Кажа дека математика му е тежок предмет, но за возврат дека добро црта, поради што предметот ликовно најмногу го сака. Ѝ вети на другарката што го интервјурираше дека ќе ја наслика. Останатите се фотографираа си правеа самослик, но го фотографираа и своето училиште и градот.

    Сите деца вклучени во проектот имаа свои идеи и желби што да прават. Тие деновиве со фотоапаратите и камерите ќе се обидат да ги реализират и да ги презентираат на јавноста со што ќе докажат дека не се поразлични од останатите.

    „Нашата идеја е да им дадеме можност на децата со развојна попреченост, да покажат што сѐ знаат и умеат, односно да ги изразат своите таленти, бидејќи ние како родители и како едукатори не можеме до крај да го видеме талентот што го носат тие деца. Сакаме да го откриеме нивниот потенцијал преку фотографија и видео и како изгледа нивниот свет, што е она што го сакаат, што ги растажува, сакаат да ни го соопштат за нив“, вели Мимоза Петревска-Георгиева од здружението „Сина птица“, и додаде дека проектот „Креираме заедно“ освен во Струмица се имплементира и во Скопје и Тетово во инклузивни основни училишта.

    Сите видеозаписи на децата со различности  ќе бидат прикажани во рамките на детската програма на Скопскиот филмски фестивал на 22 април, а нивните дела ќе бидат презентирани и во Тетово и во Струмица на одредени културни манифестациии во првата половина на мај.

    Видеата ќе играат во детската програма на Скопскиот филмски фестивал на 22 април, а ќе бидат презентирани и во Тетово и во Струмица на културни манифестациии во првата половина на мај; - од работилницата за фотографија (Фото: СДК.МК)

    Видеата ќе играат во детската програма на Скопскиот филмски фестивал на 22 април, а ќе бидат презентирани и во Тетово и во Струмица на културни манифестациии во првата половина на мај; – од работилницата за фотографија (Фото: СДК.МК)

    „Овие деца се доста креативни, но верувајте не знаеме што тие знаат и умеат, бидејќи досега не сме им давале можност, бидејќи доволно не им веруваме или пак немало настани каде можат да го исфрлат својот талент на виделина“, вели Петревска-Георгиева и апелира до целата заедница да се даде можност  на децата со различности со соодветни алатки да го изразат својот талент.

    Во „Сандо Масев“ во Струмица во редовната настава од прво до деветто одделение се вклучени 16 деца со различности. Речиси сите тие се дел од проектот „Креираме заедно“ . Внимателно ги слушаа предавањата на Наташа Гелева која им објаснуваше како се прават добри фотографии, но и на Јане Алтипармаков како се изработува видео.

    „Можеби е за првпат на повидок да излезе на површина квалитетот на овие деца. Тие деца и во досегашната практика покажаа дека умешно можат да се носат со тековите на  обрзовниот процес. Од нивните лица се гледа среќа и ова е момент каде што не треба да застанеме и во иднина треба да реализираме вакви проекти“, вели директорката Драгица Спасова.

    Проектот „Креираме заедно“ се имплементира со поддршка на ЕУ како дел од програмата „Заштита на децата од насилство и унапредување на социјалната инклузија на децата со попреченост во Западен Балкан и Турција“, а е кофинансиран и спроведен од УНИЦЕФ.

    В. ТРАЈКОВ

    disklejmer-prikazni-23734

     

     

     

     

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира