ШВЕДСКА ЈА ОБНОВУВА ИСТРАГАТА ЗА УБИСТВОТО НА ПРЕМИЕРОТ УЛОФ ПАЛМЕ ОД ПРЕД 30 ГОДИНИ

a:1:{s:9:"td_source";s:43:"Стокхолм,(разниизвори)

    ШВЕДСКА ЈА ОБНОВУВА ИСТРАГАТА ЗА УБИСТВОТО НА ПРЕМИЕРОТ УЛОФ ПАЛМЕ ОД ПРЕД 30 ГОДИНИ

    Шведска повторно ја отвара истрагата за нерешеното убиство на премиерот Улоф Палме од пред 30 години. Новата истрага ќе ја води стокхолмскиот главен обвинител Кристер Петерсон.

    Во 1986 година, кога беше извршен атентатот врз Палме  биле испрашани 10.000 луѓе. Дури 134 од испрашаните рекле дека тие пукале и го убиле тогашниот премиер.

    Харизматичниот социјалдемократски лидер беше застрелан на тротоар на 28 февруари 1986 година невечер, кога заедно со сопругата се враќал од кино.

    Обвинителот Петерсон има Херкулска задача – го чекаат досиеја за Палме на полици во должина од 250 метри документи.

    Палме беше застрелан на тротоар во центарот на Стокхолм кога се враќал од кино со жена му - архивска фотографија

    Палме беше застрелан на тротоар во центарот на Стокхолм кога се враќал од кино со жена му – архивска фотографија

    Истиот обвинител во 2003 година го истражуваше убиството на шведската министерка за надворешни работи Ана Линд. Таа беше прободена со нож додека пазарела во една стоковна куќа во центарот на Стокхолм.

    Петерсон за шведските медиуми изјавил дека неговата мисија е да се обиде, и да го реши убиството и дека од досегашниот тек на истрагата е оптимист.

    „Се чувствувам почестен и ја прифаќам мисијата со огромна енергија. Ова е интересна и важна задача“, кажал обвинителот Петерсен во официјална изјава.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира