ГОЛЕМ ГЛЕЧЕР НА ГРЕНЛАНД СЕ ТОПИ ПОД ВЛИЈАНИЕ НА ПЛИМАТА И ОСЕКАТА НА ОКЕАНОТ, ОТКРИЈА НАУЧНИЦИТЕ

    ГОЛЕМ ГЛЕЧЕР НА ГРЕНЛАНД СЕ ТОПИ ПОД ВЛИЈАНИЕ НА ПЛИМАТА И ОСЕКАТА НА ОКЕАНОТ, ОТКРИЈА НАУЧНИЦИТЕЛинијата на заземјување на Петерман мигрира меѓу два и шест километри под влијание на плимата и осеката (Фото: АП)

    Голем глечер во северозападен Гренланд е во интеракција со плимата и осеката на океанот, што резултира со досега незабележано топење и со можно забрзано покачување на нивото на морето, објавија научниците.

    Набљудувањата од глечерот Петерман открија дека линијата на заземјување на глечерот, област каде што ледената покривка почнува да се протега до врвот на океанот, може значително да се помести под влијание на плимата и осеката секој ден.

    „Линијата на заземјување на Петерман мигрира меѓу два и шест километри под влијание на плимата и осеката. Ова е значајно откритие, зашто традиционалното научно верување досега беше дека линијата на заземјување не мигрира во вакви услови“, вели Енрико Кирачи од Универзитетот на Калифорнија, кој е главен автор на студијата.

    Феноменот би можел да се влоши во следните години, додека расте температурата на океанот.

    „Овие интеракции мраз-океан ги прават глечерите почувствителни на загревањето на океаните. Тие би можеле да го покачат нивото на морето за 200%, не само Пелерман, туку и другите глечери кои завршуваат во океан, а такви се сите на Антарктик“, додаде Кирачи.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира