МАКЕДОНСКОТО ЕКОЛОШКО ДРУШТВО ГО ПРОМОВИРАШЕ САЈТОТ ПТИЦИ.МК

    МАКЕДОНСКОТО ЕКОЛОШКО ДРУШТВО ГО ПРОМОВИРАШЕ САЈТОТ ПТИЦИ.МКPtici.mk е замислен како платформа за поддршка на растечкиот број набљудувачи, истражувачи и фотографи на птици (Фото: МЕД)

    Македонското еколошко друштво (МЕД) го промовираше новиот сајт ptici.mk, на кој ентузијасти и истражувачи на птици ќе можат да учат и да споделуваат знаења за птиците.

    „Ptici.mk е замислен како платформа за поддршка на растечкиот број набљудувачи, истражувачи и фотографи на птици, со што се придонесува за унапредувањето на граѓанската наука. Апликацијата бара основно предзнаење во препознавањето птици, но е доволно лесна да ја користат и почетниците набљудувачи за да учат и да ги забележуваат птиците кои се наоѓаат околу нив”, изјави Данка Узунова, орнитолог и проектна координаторка во МЕД.

    Своја презентација имаше заменик-директорот на МЕД, орнитологот Методија Велевски, кој раскажа за идејата и процесот на создавање на оваа платформа, која е прва од ваков вид во Македонија и објасни како граѓаните можат да внесуваат податоци во неа.

    Платформата е во фаза на надградување и во моментов се состои од динамичен веб сајт и Android апликација за собирање податоци.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира