НИКОЈ НОРМАЛЕН НЕ БИ ДАЛ КОНЦЕСИЈА ЗА РУДНИЦИ НА КОЖУФ, ВЕЛИ ГЕВГЕЛИСКИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК ФРАНГОВ ПРЕД РЕФЕРЕНДУМОТ

    НИКОЈ НОРМАЛЕН НЕ БИ ДАЛ КОНЦЕСИЈА ЗА РУДНИЦИ НА КОЖУФ, ВЕЛИ ГЕВГЕЛИСКИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК ФРАНГОВ ПРЕД РЕФЕРЕНДУМОТГолем број граѓани со објавување на фотографии од планината Кожуф по социјалните мрежи, апелираат на масовност на престојниот референдум. - Активисти против рудниците на Кожуф (Фото: Фејсбук)

    Со делење флаери и брошури, од страна на здруженијата, но и советниците, тече кампањата за престојниот референдум во Гевгелија за изјаснување на граѓаните дали се за или против изградба на рудници за злато на планината Кожуф. Се делаат флаери за излегување на 23 април, но и брошури со логото на граганската иницијатива „Спас за Гевгелија“ со кои се укажува на штетноста од доделување концесии за експлоатација на минерални суровини на Кожуф.

    „Општината која донесе одлука за референдум овие денови ќе постави билборди низ градот за терминот и референдумското прашање по кое ќе се изјаснуваат граѓаните. Нашата цел е да ги информираме граѓаните дека за овој проект треба сами да одлучат. Индивидуално секој може да агитира за или против“, велат од општина Гевгелија.

    На последната седница на Советот на општина Гевгелија, советниците од сите политички партии се заложија дека директно ке се вклучат во кампањата и ќе агитираат да се гласа против доделување концесија. Најавија дека ќе одат од врата до врата за да го информираат локалното население, бидејќи не се свесни што значи отварање рудници за злато на Коњска река и Коњско.

    „И за 30 години концесија за некој рудник да плаќа надоместоци, за потоа илјада години Гевгелија да биде иселена и завиена во црно, не ни треба“, вели Франгов.

    На масовност на престојниот референдум повика и градоначалникот на општината Иван Франгов, кој вели дека со граѓанското изјаснувањеќе се стопира постапката уште пред да се почне да се гради нешто на Кожуф“.
    „Не верувам дека некој нормален дека би дал таква концесија. Едно е концесија за детални геолошки истражувања, а друго е за експлоатација. Ние со овој референдум го стопираме процесот уште на самиот почеток. Кога ние ќе имаме јасен став и мислење по ова прашање. Кога некој условно би побарал концесија за експлоатација, во старт мислењето на општината ќе биде не и негативно“, потенцираше Франгов

    Судејќи по изјавата на последната седница, и градскиот татко на Гевгелија е против изградба на рудници на Кожуф.
    „Нема потреба од паника. Затоа ние превенираме со референдумско прашање да се изјаснат граѓаните. Ние имаме компаративни предности, за многу повеќе вработувања во многу други гранки и области со тоа што се отвараат перспективите на општина Гевгелија. И за 30 години концесија за некој рудник да плаќа надоместоци, за потоа илјада години Гевгелија да биде иселена и завиена во црно, не ни треба“, рече Франгов пред гевгелиските советници.

    Паралелно, голем број граѓани со објавување на фотографии од планината Кожуф по социјалните мрежи, апелираат на масовност на престојниот референдум и граѓаните јасно и недвосмислено да се изјаснат дека се против отварање рудници бидејки доделувањето концесија за експлоатација на ова планината, би значело уништување на земјоделството, туризмот и чистата животна средина во гевгелискиот регион.

    Референдумот е резултат на граганската иницијатива „Спас за Гевгелија“ чии активисти со повеќе видеа по социјалните мрежи алармираа за последиците од отварањето на рудници на Кожуф. Заинтересираните канадски компании за добивање концесии кои отворија свои фирми во Македонија, велат дека максимално ќе се трудат да ја заштитат животната средина, бидејќи ќе се користела најсовремена технологија. Потенцираа дека од функционирањето на вакви капацитети корист ќе имало локалното население преку вработувања.

    Референдумот е закажан на 23 април. Гевгеличани на местата каде гласаа на полседните избори ќе можат да се изјаснуваат дали се ЗА или ПРОТИВ изградба на рудници за металични минерални суровини на територијата на општина Гевгелија.

    В. Трајков

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира