1 Кога министерот за култура Благој Стефановски го гради Пелинце без тендер, тоа му е дозволено, оти зад него стои Владата.
Кога Кузман Паско без тендер го гради Плаошник, тоа не е дозволено, оти зад него стоела друга Влада.
На оваа влада која се откажа од Прохор Пчински и ја пресели историјата и е дозволено да гради без тендер, оти направи поубав и понов споменик.
А Свети Климент, Самоиловата тврдина, Античкиот театар и Златната маска заслужуваат кривична пријава оти се стари.
2 Неделава се славеше 60 години од формирањето на првата влада. И после некој однадвор ни е виновен оти сме биле “коминтерновска творба” и “измислена нација”
Знаете зошто е кривичната пријава на Паско Кузман? Затоа што докажува дека сме постари од 60 години.
3 Министерката за надворешни работи Илинка Митрева ја обвини опозицијата дека имала скриени намери против неа.
Не се скриени намерите. Јавни се. Сакаат да ја сменат. И кажуваат зошто. Така е во повеќепартизмот. Инаку, зошто би имале партии, зошто би имале избори, зошто би имале Парламент? Би ја имале само Илинка и нејзината партија со една вистина. Сите други се внатрешни непријатели со скриени намери.
Илинка би сакала никој ништо да не ја прашува. Може така ќе станеме свесни колку вреди.
Иако не сака да одговара на прашаеа, таа се пофаали дека успех на дипломатијата е тоа што сме го одговориле прашалникот на ЕУ.
Само што Илинка се пофали, добивме уште 180 прашања да појасниме што сме сакале да кажеме.
Како смеат тие од ЕУ да не доиспрашуваат на еднаш веќе постигнат успех. Сигурно и Баросо има скриени намери кон Илинка.
4 За новите пасоши нема пари. Нема да ни ги укинат визите и не ќе можеме да патуваме.
Затоа, за новото авионче има пари. Што е во согласност со генералната политика на Владата: Седете си дома, ние ќе патуваме за вас.
5 Во авиончето има место само за седуммина. Тоа значи, кога нашите успешни политичари ќе одат за ЕУ, ќе патуваат 5 плус 2. Пет функционери и двајца телохранители.
Ете каде лежи одговорот зошто во тендерот на Министерството за здравство, во проектот за евроинтеграција се бараат само пет, а не два милиона “невибрирачки анатомски еквиваленти на машки полови органи од силиконска гума”. Затоа што само петмина ќе летаат за Европа. Претседателот, претседателот на Собранието, премиерот и најистурените евро дами Илинка и Рада.
Туку, што правиме со Муса Џафери и Гзим Острени? И тие се вклучени во евроинтеграциите. А во тендерот никој не водел сметка за рамковниот договор. Нели треба 25 отсто од тие петте, да бидат обрежани. Тоа значи 1,25 вештачки пениси.
Ете ти криза во коалицијата. Ете и нови пазарења за прецизирање на бројките во тендерот. Не може 1,25. Или еден, или два. Знаејќи ги позициите на ДУИ, нивните досегашни барања и попуштањата во интерес на мирот, се знае како ќе се изборат. И кој ќе ќе лапне два, а кој три.
6 Претседателот на Синдикатот Ванчо Муратовски и дава на Владата жолт картон поради кратењето на работничките права.
Ванчо Муратовски е тој што пред изборите во 2002 година на синдикалното членство му порача да гласа за СДСМ.
Е па негови се. Со нив си направил договор. Сега нека молчи. Или, нека си оди.