10 со кромид

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:57:"Ќеплачеме,амаќенибидеубаво

    1. Денеска славиме 10 години самостојност. Прославата се поклопи. Ем 10 години самостојност ем менување на Уставот. Не знаеш на што повеќе да се радуваш.
    Досега славевме “Десет дена Крушевска Република”. Сега имаме десет години самостојна Македонија. За суверена – ич муабет не правиме. Само, оние сиромашките од Крушево малку побрзаа да ја ослободат Македонија. А овие пребрзо ја продадоа. Десетката ни е судбински број.
    Ние, пак, потресени, пет дена очи ни истекоа пред телевизорите, да видиме дали ќе изгласаат согласност за промена на Уставот. Ќе изгласаат – и оро ќе играат. Да го слават новиот граѓански концепт. Им фалеше уште да замезат. Традиционално, со ќебапи. И во знак на фаталниот број 10. Келнер, дај десетка со кромид и една лута. Малку ќе плачеме – ама ќе ни биде убаво.

    2. Забавата продолжува. Ќе има уште седници на Собранието. Овие божем се против, а ќе гласаат – за. ОНА божем го предава оружјето, а НАТО божем го собира. Албанците божем бараат човекови права, а ние божем им веруваме. Ние божем ќе влеземе во окупираните села, а ОНА божем ќе се повлече.
    Живот на божемски.
    Абдурахман Алити рече дека ова е крај на барањата на Албанците. Ај да го држиме за збор.

    3. Наместо пет дена ние да ги гледаме пратениците, најарно ќе беше да им го пуштат римејкот на познатиот филм од шеесеттите “Планета на мајмуните”. Нека го гледаа неколку пати, и на крај ќе ги прашавме што разбрале. Да ни раскажат со свои зборови.
    Мислиш дека ќе знаат?
    Филип Петровски нема ни да го прашуваме.

    4. Само, ќе ги замолиме, кога ќе ни раскажуваат да не употребуваат странски зборови. Тешко се снаоѓаат со нив. Знаат странски зборови, ама погрешно ги користат. Тоа ти е исто како кога ќе речеш за некој дека има убави црти на лицето, ама му се погрешно распоредени.
    Еве, на пример, Ѓорѓи Котевски, место “инпутира”, во говорот велеше “ампутира”. А Пранговски рече дека “оружјето имало нумизматичка вредност”. Така што гуверенерот на НБМ треба веднаш да реагира и да испрати протестна нота до Џорџ Робертсон. Оружјето не треба да се носи во Грција. Нему, како на нумизматичка вредност, местото му е во сефот на НБМ.
    Ама изгледа не сме разбрале добро. Можеби пратеникот навистина го мислел тоа што го рекол. Нели оружјето е старо. Значи било купувано со стари пари.

    5. Љубе Бошкоски се фали дека ќе оди во Хаг. Ама знае ли дека на сите беља ќе ни направи. Карла дел Понте одвај чека да си ја оправда платата со некој од Македонија, па макар бил и Љубе.
    Со неговиот ум, ќе излеземе ем нападнати ем виновни. Значи, Албанците во Македонија со право правеле етничко чистење, со право ги жигосувале киднапираните работници, со право урнаа црква, со право разнесоа во воздух двајца чувари на мотел… Од жртви, ќе станеме геноцидни.
    И тоа само затоа што Љубе запнал да оди во Хаг. И да биде херој како Милошевиќ.
    Белким тие во Хаг не се толку несериозни да го земат. Љубе не е за институција од таков затворен тип. Што бара тој во Хаг? Ќе им го урне кредибилитетот на злосторниците. Тие таму се сериозни политичари.

    6. Путин се стопи од љубезност кога ги примаше Леотар и Пердју. А Георгивски нема време. Има држава за водење. Затоа и не одмора како Путин цел месец, туку само една недела. Затоа скапо плаќа.
    Андов им рекол на Леотар и Пердју, ако можат, да бидат невидливи. И Љубчо се однесува како што му кажал Андов. Тоа е драматична промена на политичката сцена. Зашто обично Андов прави како што ќе му каже Љубчо.

    7. Во говорот пред пратениците, премиерот рече дека не можеме да очекуваме од НАТО кој ја направи грешката со Косово во 1999 година, сега да ја признае.
    Е па, така е. Не можеме да очекуваме и од Љубчо да си ја признае грешката со Џафери и Тачи што ја направи истата година. Можеме само да паметиме.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари