2+2 E 1

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:68:"Настрадаажените,амабратотсеспаси

    1. Помина цело деноноќие откако половина Америка остана без струја, а Борис се уште не му се јавил на Буш да му изрази сочувство и да понуди помош. Македонија ги става сите расположиви капацитети на располагање на САД за надминување на оваа навистина мрачна состојба. На Американците ќе им ги испратиме сите избркани работници од ЕСМ, заедно со директорот Панде Лазаров. Оти само Панде Струја знае како со помалку вработени да произведе повеќе струја.
    Некој ќе мора да настрада. Дали Сирија, дали Иран, се уште не се знае. Треба прво Буш да испита која земја во моментот на распадот на системот на САД, имала вишок струја. А Македонија ќе се вклучи во глобалната антимрачна коалиција предводена од Американците на тој начин што Хари ќе ги поапси сите електричари кај кои ќе се најде прегорен осигурувач, или сомнителна цвикцангла. Во нашите слободарски и демократски ориентирани глави не смее да фали ниту еден бушон.
    Кога Борис ќе одвои дел од своето скапоцено време да му се јави на Буш, утехата ќе биде од неизмерно голема важност за односите меѓу нашите две држави. Ќе му рече: “Еј Џорџ, немој да се грижиш што половина земја ти е во мрак. Мене во мрак ми е цела.”

    2. Кај нас помрачување на умот добија сите што заборавија дека баш деновиве се одбележува смртта на војниците и полицајците што загинаа пред две години. На министерот за одбрана Владо Бучковски му се стемнило под некој чадор на плажа на Халкидики, па на роднините што заминаа да го одбележат масакрот кај Карпалак им порача дека нивните не загинале попусто. И така е. Не загинале попусто. Еве, Бучко ги носи во срцето.
    А на владата убаво им се погоди тоа што годишнините на нивната смрт паѓаат среде лето. Ем Али Ахмети слави рамковен, ем сите се на одмори, ем локалното население ионака нема да им даде дозвола да поминат.
    Затоа комеморација на загинатите ќе се прави в понеделник на денот на АРМ. На сигурно. Во касарна. Таму нема локално население што треба да се праша. А и побезбедно е.
    Откако Хари Костов во мај не успеа да стигне до Вејце да им оддаде почит на загинатите полицајци, власта се труди на секој начин да заборави дека некој во име на државата загинал пред две години. Ако се сети на нив, ќе покаже дека и по две години не контролира половина држава.

    3. Откако објавивме податок од Заводот за вработување дека во јавната администрација се примени 7.500 нововработени, Петар Гошев и Јован Манасиевски го бараат кртот што ни ја испратил таа информација. Брајќи го кртот немаат време да ги соберат бројките и да се сетат што потпишале.
    Перо тврди дека нововработени има само 2.000. Другите 5.000 флуктуирале од една во друга државна служба. Колкумина од тие 5 илјади преминале од едно во друго министерство? Или од едно во друго јавно претпријатие? Или, од една во друга општинска управа? Што флуктуација ќе беше тоа? Порој.
    Петар Гошев одбива да разговара со ВЕСТ. Не се наоѓаме во математиките. За него 2 + 2 не се 4. За Перо 2+2 е 1.

    4. И министерот за социјала Јован Манасиевски не го знае точниот број нововработени. Има друга работа. После реформата со струјомерите на социјалците сега прави аграрна реформа. Во меѓувреме го теши колегата Славко Петров кој е фрустриран што “оние од кои им е потребна најголема поддршка шират невидена антипропаганда”. Затоа владата не ќе можела да им помогне на социјалците. Министерот за земјоделство сега ќе ја разработува реформата и му треба време да се докаже. Брза да ја фати есенската сеидба. Ако ја испушти и пролетната, пак тие што шират антипропагнада ќе бидат виновни.
    Зошто Петров и Манасиевски не го вклучат и Илија Филиповски во првата петолетка. Откако ќе заседава Централниот комитет на партијата со него ќе ги вратат и кофхозите и совхозите. Исто како што ќе ги реши загубарите. Ќе вработел 3.000 луѓе. Тој мисли дека тие се како брат му Благоја што треба да биде директор на Скопскиот аеродром. Само што газдите не се Бранко и нема да ги спроведуваат заклучоците на Централниот комитет и партиските директиви на Илија.

    5. Бранко се бори против непотизмот. На ЛДП.
    Длабоко им се извинам на сопругите на Жерновски и Шапуриќ, што мораа да си заминат од управните одбори откако ги објавивме во весник. Ама, што да им правам. Тие се само жени на политичари. Не се браќа. Жена не е род.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира