300 ЕВРА

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:91:"Неизлегувајтеоддомабезспецијалистичкиупати

    1 Кочанчанец на 38 годишна возраст добил мозочен удар, па од Кочани го пратиле во Штип. Таму лекарите одбиле да го прегледале оти немал сини картони. И – човекот си умрел.
    Болницата во Штип, директорот и докторот и медицинската сестра кои не му дале лекарска помош на пациентот оти немал сини картони, ќе бидат само парично казнети.
    Комисијата на Министерството за здравство го казнила директорот со казна од 300 до 600 евра, а докторот и сестрата од 100 до 200 евра.
    Не знам дали директорот е поставен од ВМРО-ДПМНЕ, ама се ми се чини дека да не беше нивен веќе ќе го шетаа со лисици пред камери. Министерот за здравство Имер Селмани и по овој скандал ќе продолжи да се смешка и да не убедува дека прави реформи во здравството. Премиерот и Владата ќе ни раскажуваат приказни дека усвојуваме европски стандарди.
    Европа? Која Европа? Знаете колку се 300 евра во Македонија? Толку вреди човечкиот живот ако не си од владејачката партија.
    Глобата е добра затоа што Владата ќе собира пари во буџетот. Што повеќе пациенти умрат оти немаат сини картони, толку повеќе пари во буџетот. Така ќе се соберат пари за лечење на министрите, ако не дај боже им притреба. Со тоа сознание веќе веднаш ми е полесно на душата. Сигурно и на семејството на починатиот кочанчанец.
    Затоа памет во глава. Од дома не излегувајте без сини картони, книшка и специјалистички упати за неколку клиники. Никој не знае што му носи денот.

    2 Македонија никако да сфати дека успехот не доаѓа случајно и дека е плод на тешка работа. И никако да сфати дека за неуспехот најмногу си виновен самиот, а не другите.
    Најдобар пример за тоа е последниот Евросонг на кој победи Србија.
    Видете што правевме ние, а што правеа Србите.
    Ние:
    – Одвај ја избравме Каролина, со лутење и со карање
    – Ни колегите не и честитаа
    – До последен момент се каравме дали ќе пее на англиски, или на македонски
    – Менаџерите на Каролина и организаторот МТВ се скараа дали за македонската вечер во хелсински се избрала селска кафеана, или не
    – Се караа кој ќе влезе во зелената соба зад сцената
    Србите:
    – Имаше контроверзи околу изборот на пејачката, ама кога веќе ја избраа се фатија за работа
    – Ја снимија песната на 5 јазика
    – Ја снимија песната во пет различни изведби
    – На сателитскиот канал на ТВ Србија со денови одеше повик до иселениците да гласаат за српскиот претставник
    – Кога победија пејачката ја дочекаа како херој
    Арно ама, приказната не завршува тука.
    Една многу важна национална телевизија на вестите ни соопшти дека македонија “како по обичај се пласирала во вториот дел од табелата”. Ало!!! Четрнаесетто место од 42 земји не е втор дел на табелата.
    Нејсе. Има уште маани за наоѓање. Друга национална телевизија разочарано констатира дека сите што гласале за Македонија не викале ФИРОМ. По 16 години, ФИРОМ во ОН, ептен нова маана најдоа.
    Клето Македонче. Мрзливо, а од ништо задоволно.
    Сам на себеси да не можеш да се израдуваш.

    3 Па кој да ти се радува на успехот? Џилијан Миловановиќ и Ерван Фуере.
    Таман жената престана да ги повторува изјавите дека “Нема промени во политиката на САД кон името”, сега мора да повторува: “Завршете си ја работата дома”.
    Станува збор за иста плоча, со друга песна. До сега, ако не влеземе во НАТО виновна ни беше Грција. Сега, виновна ќе ни биде Хрватска, оти си ја завршила работата побрзо од нас.
    Миловановиќ уште се држи стабилно на земјата, па дипломатски ни кажува да не ги береме гајлињата на Хрватска, туку своите. Ама, на Фуере му пукна филмот. Избега на планина. Се качи на Кораб и веќе не се ни труди да биде дипломат. Им рече на политичарите дека и тие треба да се качат на планина, оти од таму можеби ќе успеат да го видат државниот интерес.

    4 Тие од НАТО претераа со условите што ги поставуваат. Ај реформи во одбраната и судството, ај борба против корупција и органзиран криминал, ај борба против трговија со луѓе, ај политички дијалог влада – опозоција… Ама сега бараат и кохабитација меѓу претседателот и премиерот.
    Што држава за НАТО сме ние, ако странците мора да посредуваат меѓу претседателот и премиерот.
    Бранко оди во Брисел и ја кара владата дека ништо не прави. Со тоа мисли дека самиот си се оправдал.
    Груевски го кара Бранко дека ништо не направил 15 години. И со тоа си мисли дека и тој си се оправдал.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира