35% МИТО

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:150:"Зоштодржаватасеплашиодтиештонеплаќаатданоци,агиказнуватиештоплаќаат?

    1 Со новиот закон за следење на комуникациите и полицијата ќе може да прислушува. Досега можеа само партиите. И што е најважно, кога некој ќе открие афера за прислушување, нема да мора транскриптите да ги добива од анонимен извор.
    Само едно не ми е јасно. Дали Законот дозволува полицијата да ги прислушува партиите кога прислушуваат?

    2 Здружението на судии бара да им се покачат платите за да бидат заштитени од корумпирање. Покачувањето треба да биде 35 насто.
    Што значи тоа. Дека до сега 35 насто над платата си ја обезбедувале преку мито!?
    Тие 35 отсто не требало да бидат пријавени како основа за плата и за нив не би се плаќале придонеси. Значи, платата ќе им биде паушал, а 35 отсто ќе ја крадат државата.
    Судијата е поставен за да го штити законот. Законот забранува мито. Зар законот не е доволен да го заштити судијата од земање мито.
    Зошто судиите дури сега сфатиле дека платата им е мала? Може кога конкурирале да бидат судии не знаеле за која плата ќе работат. Што не се откажале кога ги потпишувале договорите за работа?
    Или си викале: Како и да е, ќе извадам уште 35 отсто.

    3 Пред некој ден беше министерот за одбрана на Босна и Херцеговина и беше потпишан некој договор за соработка со АРМ. Речено е дека Босанците ќе учат воено разузнавање од АРМ.
    Ние се покажавме со военото разузнавање во 2001 година. Кај нас има вековна традиција. Босанците ќе учат од нас, а ние сме учеле од војската на цар Самуил. Не сме сите слепци. Секој 100-ти има по едно око.

    4 Е токму за да се пријавува платата на цел износ, премиерот Груевски неделава го воведе таканаречениот рамен данок.
    Беше речено дека персоналниот данок од 10 отсто за сите ќе стимулира нови вработувања и ќе ги натера газдите да ги пријавуваат своите плати и платите на вработените на целата исплатена сума.
    Досега платите до 25.500 денари беа оданочени со 15 отсто персоналец. Сумата над 25.500 до 50.100 денари се оданочуваше со 18 отсто, а на платите над 50.100 се пресметуваше данок од 24 отсто.
    Оваа политика на Никола Поповски ги натера газдите и големите директори да не ги пријавуваат целите плати. Сега и тие не мораат да си го кријат парите. Затоа што персоналецот за сите ќе биде 10 отсто.
    Еве, на пример, еден газда на телевизија и весници пријавувал плата од 7.965 денари. И тој, и жена му, и уште некои членови на семејството плаќале придонеси на 7.965 денари. Со таа плата не можел ни една гума да си купи за џипот, а жена му за фризер не ни помислувала.
    Ама така е тоа. Тутунската мака е голема, а платата мала.
    Но газдата е фер. Колку имало за него толку имало и за вработените. Платата на сите во телевизијата била според комунистичка урамниловка. На сите негови уредници и новинари што обработуваат јаки државнички теми за неплаќање придонеси и перење пари тој им пријавил плата иста како неговата. По 7.965 денари.
    Со новиот данок Груевски му овозможува на газдата да не ја крие платата. Сега ќе може да пријави и поголема плата. На пример 8.600 денари. Со така пријавена плата и новинарите, здравје боже, кога ќе се пензионираат ќе имаат основица за солидна пензија. Наместо во “Сју Рајдер”, ќе може пензионерските денови да ги поминуваат во “Панада”. На компензација со ТВ-реклама пред вести.
    Но тоа не е единствена придобивка што ја овозможува овој потег на Владата. Со помалиот персоналец Груевски ќе му ослободи пари на газдата за реинвестирање. Ќе може да отвори и месарница. За да има каде да го продаде пилешкото.

    5 Кога не се плаќаат придонеси, нема ништо чудно ако во рубриката “Економија” вест е дека проработел томографот во Градската болница. Се расипал пред една година и во државната каса едвај се собрале 10.000 евра да може да го поправат.
    Втора вест е дека училиштата останале без нафта за греење.
    Трета вест е дека три-четири месеци доцнат платите за родилките.
    Четврта вест е дека само пет дена во месецот има лекови на рецепт во аптеките.
    Врвните новинарски пера откриваат даночни афери и финансиски малверзации кај сите други освен кај своите газди. Веројатно го чекаат на интервју директорот на Управата за јавни приходи Горан Трајковски да им каже зошто не направил контрола кај нивните газди. И да го прашаат зошто државата се плаши од тие што не плаќаат даноци, а ги казнува тие што плаќаат.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира