АКЛАМАЦИЈА РЕКЛАМАЦИЈА

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:87:"Фестивалот"Цветници",новаскопскапровокација

    1. Бившата вечеровска рубрика Сакам да кажам, која не излегуваше две недели поради мое отсуство од редакцијата, денес и официјално согласно мојата лична препорака остана рамноправен член на седмата страница на “Вечер недела”, со име за внатрешна и надворешна употреба “Сакам да кажам”. Повторниот прием беше извршен вчера попладне по средно македонско време со едногласно (без гласање) читање на текстот од страна на в.д. главниот уредник. Свечената цере­монија на подигање на платата е одложена. Следуваат преговори.

    2. Дали денес, неполни два дена по приемот на нашата држава во Обединетите нации, можете да одговорите на прашањето: Се чувствувате ли, почитувани читатели, како бивши граѓани на Република Македонија? Кога ќе заустите да си одговорите, ќе ви стане јасно колку глупаво прашање ви е поставено. А глупави прашања не заслужуваат одговор.
    Тоа, пак, што не се чувствувате којзнае колку среќни, иако веројатно и вам ви минале трпки низ телото кога го слушнавте македонскиот збор во зградата на ООН во Њујорк, не е за забележување. Без разлика што сега ќе се зборува за големи фалби, вие сепак знаете дека нас таму нé примија и без име, и без зна­ме. Важно нé примија и една голема тежина од срцето е падната. Државата го изгуби името, ама нека ни е жива и здрава Македонија. (Ова за оние непоправ­ливи оптимисти кои сé уште веруваат дека по привременото “обраќање” ние пак ќе се викаме Република Македонија.)
    Настрана обичната човечка радост, и како новинари конечно, по 15 месеци, ќе можеме да здивнеме по прашањето на приемот на Македонија во ООН. Особено кога треба да се направи вест и кога нема вест. Како на пример, почетокот на ТВ дневникот од пред некој ден, кога ни беше соопштено дека “Советот за безбедност одржа неформална средба на која НЕ СЕ РАЗГЛЕДУ­ВАШЕ нацрт-резолуцијата за прием на Македонија во ООН.

    3. Една колешка од редакцијата вчера го коментираше начинот на прием на Македонија во ООН: “Баш убаво, сега и за мажот ми дома можам да кажам дека ми е бивш маж”. А тоа, во случајов, може да носи некакви предности.

    4. Во белградскиот неделник “Време” еден читател во писмо до редакцијата, кое ми се чини дека е со симпатии наклонето кон Македонија, опишувајќи го финалето во Њујорк, вели дека е фуриозно и монтипајтонско, па зафркавајќи се со нашето често присилно менување на презимињата -ов, -иќ, -ски, предлага во иднина пред нашите презимиња да стои Пок. Како – покоен. Јас на пример би бил Горан Пок Михајловски. Досетливиот читател вели дека по тоа презиме ќе бидеме лесно препознатливи во светот. Како на пример Шкотите со нивното “Мек”, или Ирците со “О” пред презимињата.
    Предлогот е многу морбиден. Сега кога веќе влеговме во ООН глупаво би било да си се викаме Пок. Та нели токму приемот ќе ни овозможи допрва да живееме. Така барем нé убедуваат. Затоа, ако веќе сакаме по углед на Шкотите и Ирците и ние да бидеме препознатливи со додавка пред презимето, да го искористиме она проклето “бивша” и да си го избереме зборчето” “бев”. Како ви се чини името “Горан Бев Михајловски”?

    5. Како што дознава “Вечер” од многу информирани дипломатски кругови во престолнината на Бившото Кралство Грција, Атина, покрај веќе познатите услови кои ќе ги поставува во процесот на градење мерки на доверба со нашата држава, додава уште три многу значајни:
    Прво, укинување на фестивалот “Цветници”, затоа што тоа е организирана скопска провокација. Што била таа работа, пет дена да се пее  наспроти смешниот прием без име и без знаме!?
    Второ, на конкурсот на емисијата “Добро утро, добар ден”, на кој ќе се из­бира најубаво бојадисано велигденско јајце, да не се земаат предвид јајцата бојадисани во црвено, прошарени со шеснаесеткракото сонце.
    Трето, итна обнова на униформите на машкиот дел од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ (се мисли на вратоврските на Томе Стефковски, Стоиле Стојков, Драги Арсов, Митко Анастасовски, со лавчињата напечатени на ткаенина со крајно сомнителен квалитет, купени на импровизираните тезги од картонски кутии пред почетокот на конгресот на партијата во Прилеп, пред две години). За следниот конгрес – во Солун, Грците би им врзале околу вратот нешто поиздрж­ливо.

    6. Ако веќе Грците ја разоткрија намерата на организаторите за петдневно пеење под име “Цветници”, не верувам дека било кој во државата ја разбра  целта на петдневното карање во Собранието на Македонија на тема “Приемот во ООН”. Најконструктивен дел од расправата беше последниот ден, кога претседателот Стојан Андов замина на пауза исклучувајќи ги микрофоните и го остави неговиот потпретседател Џеладин  Мурати да се снаоѓа со високо софистицирана елек­троника, без завршен курс кај Благоја Ханџиски или барем кај Михаил Пановски. Докторот по електроника Ханџиски тврдеше дека требало клуч за да се пуштат микрофоните. Среќа што министерот Фрчковски не организира потера по клучот, затоа што откако се врати Андов објасни дека тоа не било потребно туку требало да се пронајдат тастерите. А има повеќе тастери.
    И после некој ќе ме убедува дека Андов не бил тој што пали и гаси во Маке­донија.

    7. “Сакам да кажам” од проверени извори дознава дека 8 април, денот кога Македонија беше примена во ООН, наедно е и роденден на Васил Тупурковски. Ах тој Циле! Пак нешто им ја збуричкал работата.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира