АЛФА РОМЕО

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:49:"МендухТачисојатовоНАТО

    1 Али Ахмети не се заканува. Тој не сака да лаже. Искрено си кажа: “Ако ДУИ не биде дел од власта, односно ако не се испочитува волјата на мнозинството, кое гласаше за коалицијата ДУИ-ПДП, идната влада ќе има проблеми со албанскиот народ”.
    А која влада до сега немала проблем со Албанците? Македонија по дефиниција е земја во која “тие таму имаат проблем со Албанците”. Така е тоа кај нас веќе петнаесет години. Ако нема проблем со Албанците нема држава.
    И за кое мнозинство зборува Ахмети? Победник на изборите има еден. Тоа е ВМРО-ДПМНЕ. Другите се поразени. Некој поминал подобро, некој полошо. Ама победникот решава со кого ќе коалицира.
    Ако се почитува волјата на мнозинството во граѓанска држава каква што е Македонија, тогаш во власта не мора да бидат ни ДУИ ни ДПА. СДСМ има освоено повеќе пратеници од нив.
    Ама нас упорно не тераат да се однесуваме како две племиња. И нашите политичари тоа беспоговорно го прифаќаат. Оти такви пораки им испраќа ЕУ. Амбасадорот Ерван Фуере пет дена по изборите во Тетово рече дека Владата мора да го одразува мултиетничкиот карактер на државата и резултатите од изборите, а во разговорите “да биде вклучена партијата што добила мнозинство од гласовите на Албанците”.
    Ако во ЕУ решат да не примат како две племиња, тогаш нека не примат. Само што тогаш ЕУ ќе мора да ги менува стандардите.

    2 Партиите на Албанците се проблематични. Не можат да се снајдат ни со пораз ни со победа. Затоа, во секој случај им се наоѓа оружјето.
    Кој и да излезе победник од овие избори – ДУИ или ДПА, Македонците исто ќе ги чини.

    3 Ахмети само почовечки го кажа истото што две дена пред него за “Дневник” го изјави вицепремиерот Муса Џафери. Тој рече: “Ако крајната цел на идниот мандатар Никола Груевски е да не се почитуваат нашите гласачи, односно изборните резултати на коалицијата ДУИ и ПДП и ние да не бидеме дел од идната владина коалиција, можни се протести, бунт, калашникови…
    Каде е сега европскиот амбасадор Фуере да каже нешто за оваа изјава? Или тоа што го зборува ДУИ е вистинскиот израз на мултиетничкиот карактер на државата според стандардите на ЕУ? Да дадеше ваква изјава политичар од македонска партија до сега ќе имавме санкции пред бомбардирање.

    4 Не треба да се чудиме зошто Фуере не дава никаква изјава по заканите на ДУИ? Затоа што тој се меша во македонските работи. Не се меша во албанските.

    5 За разлика од европеецот Фуере, американката Џилијан Миловановиќ мудро молчи. Таа обично кажува команди. А последната команда е:
    “Ако некоја партија реши да не се приклучи или не биде поканета во идната владина коалиција, очекуваме таа да игра позитивна и конструктивна улога како партија во опозиција. Очекуваме следната влада да ги исклучи како министри или високи официјални лица сите оние за кои се имаат сознанија дека се вклучени во корупција или криминални активности, или оние кои ги стекнале своите мандати како пратеници преку застрашување или други облици на злоупотреба на изборниот процес”.
    Јасно ли е? Ако не е Миловановиќ ќе треба уште да ги нацрта кои се и имињата да им ги напише.
    Ако Мендух Тачи, кој е на црната листа за влез во САД навистина стане министер за одбрана, многу ќе биде интересно како ќе преговара со НАТО. И каде? И кога Македонија ќе влезе во НАТО?
    Мендух Тачи нема да биде сам. Во НАТО ќе влезе со јато. Во парламентарната делегација за соработка со НАТО ќе бидат Лека и Красниќи.

    6 Портпаролката на ДУИ Ермира Мехмети рече дека одлуката на Врховниот суд за прегласување треба да се поништи оти “судството не е реформирано”.
    Кој ги спречеуваше четири години да го реформираат судството? Плус на почетокот имаа и свој министер за правда. Дарлишта ли се викаше?
    Ако ништо друго, барем можеа на судиите да им се заканат со оружје и ќе ги реформира ефикасно и по куса постапка.

    7 Пак се степале Алфи и Роми. Два пати во многу кус период има серизони проблеми меѓу спецојалната полициска единица Алфи и Ромите. Еднаш во Скопје, а сега и во Гостивар.
    Во иднина не треба да се зборува за судир меѓу Алфи и Роми. Полицијата гради нов однос со граѓаните. Тоа се вика Алфа Ромео.

    8 Во ВМРО-НП не убедуваат дека се прави светски заговор за да се дискредитира Љубчо георгиевски. Некои прочитаа дека ова со бугарското државјанство на поранешниот премиер било бугарско-американско сценарио за поддршка на Груевски. Немаат попаметна работа ни Бугарија ни Америка, па со Љубчо ќе се занимаваат
    Баш ми е гајле што Љубчо има странско државјанство, па макар тоа било и бугарско. Спорно е што се кандидирал за народен пратеник со план да се кандидира и за претседател на држава, а мене како гласач не ме известил дека има двојно државјанство.
    Љубчо и неговата партија на изборите одеа со слоганот: Иднина, наместо судбина. Ама не ни кажал дека за својата иднина имал и план “Б”. А за нашата иднина не препушта само на судбината “А”.

    9 Сопругата на поранешниот британски амбасадор Кристина Дикинсон земала македонско државјанство. Сега ќе има македонски пасош.
    Знае ли да игра оро? Оти ако сака да патува како вистинска Македонка, пред да замине за Британија ќе мора и оро да игра пред конзулатот.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира