Амди Бајрам

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:48:"88балванизадругаротБоро

    1. Како не му здодеа на Љубчо цело време да прави влади. Мислев дека се забавува, ама кога го видов завчера на телевизија не ми изгледаше премногу среќен. Ај, ако е оваа последна, добро ќе биде. За нас. За него не треба да береме гајле.

    2. Претседателот Борис Трајковски следниот пат треба да му го даде мандатот за состав на нова влада на Амди Бајрам. Затоа што човекот е барем чесен. Искрено си кажува: “Кој е на власт, ние со вас!”. Премиерот Бајрам можеби не се снаоѓа со проценти, ама проста математика знае. Јас сум ВМРО-ДПМНЕ, ти си СДСМ. Тоа ти е како 1плус 1, еднакво на 2.
    Бадијала овие другите ни се претставуваат дека напорно работат за државата, дека се жртвуваат во име на народот, дека нивната мисија е по барање на меѓународната заедница, дека имаат идеали, морал, чист образ, цврсти политички ставови…
    Дами и господа, Амди Бајрам е цар за вас. Сите ве демаскира. Јас не гледам разлика меѓу неговото однесување и вашите функции. И намерно не ви ги споменувам имињата. За да не го навредам господинот Бајрам.

    3. Баш ќе биде забавно да видиме како во новата влада ќе соработуваат вицепремиерката Доста Димовска и шефот на дипломатијата Слободан Чашуле. Госпоѓата Димовска, како што рече премиерот, по барање на меѓународната заедница, ќе биде на чело на Кризниот штаб. Тоа значи дека ќе треба докрај да го спроведе Рамковниот договор. А Чашуле, како човек познат по тоа што не ги менува ставовите, а богами и партиите, ќе инсистира на референдумот што го предложи неговата најнова партија, да се гласа против Рамковниот договор.
    Тоа што меѓународната заедница барала Доста да биде на чело на Координативното тело за справување со кризи, многу ме изненади. Гледате, и таа била политик од светски маштап. Ја тропна западна Македонија, и веднаш стана прозападна.
    Госпоѓата Димовска сега како координаторка ќе биде задолжена и за министерот за внатрешни работи. Секогаш кога братот Љубе ќе посака да направи глупост, тука ќе биде сестрата што ќе ја искоординира акцијата. Спијте мирно. Доста го варди Љубе.
    Најчесно е тоа што сега Димовска ќе биде менаџерката за справување со кризи. Чиста работа. Кој си ја почна кризата, редно е и да си ја заврши.

    4. Само, како ли Доста сега ќе излезе на крај со претседателот Трајковски. Дури и дамата што го пронајде и што го измисли, сега ќе биде под надзор на нејзиното партиско чедо. Зашто, и во Брисел му кажале на Боре наш дека тој е главен во државата. Да немаме дилема. Ај што сестрата ќе треба да го прашува како да ја менаџира кризата, туку и Владо Поповски, со фаца на маршалот, сега како министер, не ќе може да ги менува генералите, како кога беше во близина на претседателскиот кабинет. И во оној на Киро, и во овој на Борис – главниот.
    Е па претседателе, сега кога дури и во Брисел ти кажале дека си главен, зграпчи ја Македонија. Ти тоа го можеш. Си играл одбојка на времето. Сè е во твои раце.

    5. Бидејќи сè е во рацете на претседателот, тој потпиша помилување за 88 припадници на ОНА. Колку интересно историјата ни се повторува. Кога умре Тито, имаше акција што се викаше”88 садници за другарот Тито”. Садниците од тоа време до сега веќе станаа балвани. Така што сега имаме акција “88 терористи за другарот Боре”.

    6. ВМРО-Вистинска реформска опција, сега ќе се преименува во ВМРО – Вистински извисена. Не помогна дури ни женското лоби. Бадијала кумата Љупка Змејковска отишла на гости кај кумашинката Снешка Георгиевска. Џабе везеле кумите во куќата на Водно. Во куќата во Лисиче порано поарно се везеше. Ама во Лисиче газда беше Змејко, а на Водно газда е Љубчо. Дури и тортата од селски јајца што кума Љупка ѝ ја однела на Снешка да се заблажи, не помогна. Змејко си поседе три дена во генералскиот кабинет, се порадува на географските карти и си замина за доброто на неговиот шеф Стојменов. Нему му е доволно тоа што си ја задржа директорката во Агенцијата за приватизација, па ќе може да продолжи да ја менаџира приватизацијата. Ако е добар, може и нема да му ја сменат.

    7. Ги гледате што прават докторите во Клиничкиот центар? Од што оперираат по канцеларии и кабинети, немаат време за операции во салите. Ние мислевме тие учени луѓе биле. Хуманисти, башка. Демек, лекуваат. А тоа, тие биле за лекување.

    8. Значи, неделава имавме многу добра забава. Алал да му е на тој што ја смисли.
    Ве поздрави церемонијал-мајсторот Стојан Андов.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира