АМЕРИКАНСКА ПРАВДА

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:116:"Приброењетонастокатапастиротдобивасериознаконкуренција.

    1 Сe си има свој почеток и крај. Па така и меѓуетничките тепачки на улица и по автобусите. Како што почнаа, така и завршија. Спонтано.
    2 Во меѓувреме се побунија и сточарите од селата Брест, Танушевци и Малино Маало. Пријавиле дека имаат 34 илјади грла добиток. Од државата не им веруваат дека на толку мал простор има толку стока и не им исплаќаат субвенции. И бидејќи сточарите од тие села се од албанско етничко потекло, решија да протестираат. Каде? Нормално, пред својата држава. Пред Американската амбасада во Скопје.
    Таму никој не ги прими, но сепак изјавија дека “секој е добредојден да испрати писмо до Амбасадата на САД во кое ќе ги искаже своите грижи”.
    Значи не се само Али Ахмети, Мендух Тачи и градоначалниците Албанци привилегирани да се жалат кај Волерс за сe што не им се допаѓа. Секој може да се пожали. Те мачи нешто? Трк во Американската амбасада. Не ти дава жена ти, ја боли глава, пожали се кај Американците. Комшијата ти ја фатил меѓата право кај Американците да ја премерат нивата. Маж ти фатил млада швалерка? Решение има кај Американците. Ти ги исклучиле струјата, водата и телефонот? Прати писмо до Американската амбасада.
    Всушност Американската амбасада ти доаѓа нешто како Народен правобранител. Односно, Меѓународен правобранител. Додуша 25 отсто од населението многу повеќе се офајдило од американската правда, па затоа сега бараат Волерс да им ги брои и говедата.
    Ете затоа Американците нас многу нe ценат и почитуваат. Оти ние имаме повеќе почит за нивната држава отколку за нашата. Тоа е веќе проблем за владејачката коалиција. При броењето на добитокот пастирот добива сериозна конкуренција.
    3 Партиите не само што нe пребројуваат, туку и нe пребојуваат. На Интернет истекоа избирачките списоци од Општина Центар со обоени имиња на гласачите сосе нивните адреси на живеење. Списоците истекле од штабот на ВМРО-ДПМНЕ. Нивните гласачи се во црвено, симпатизерите портокалови, СДСМвците темно сини, нивните симпатизери светло сини, а неопределените се розови. Има и некои други бои, ама тие не се важни.
    Дирекцијата за заштита на лични податоци беше прозвана и мораше да реагира. Ама не видов дека и СДСМ се побуни. Изгледа и на нивните списоци боите се усогласени со ВМРОвските.
    За разлика од ВМРОвците од Центар кои боеле врз основа на претпоставки, прогнози и интуиција, оние од Општина Карпош се повредни. Тие излегоа на терен. Одат од куќа до куќа, од стан до стан и собираат потписи против градоначалникот Стевчо Јакимовски. Таму нема прогнози, нема ни импровизации при правењето списоци. Затоа и нема потреба од боја. Или е црно, или е бело. Трето нема.
    4 Не ни е лесно нам, ама не им е лесно ни на тие од ЕУ. И тие се исплашија дека ќе имаат проблем ако останеме црна дупка. Па измислија формула да почнеме преговори, а да не се викаат преговори. Се вика пристапен дијалог.
    Наместо да почнеме преговори со ЕУ под привременото име, тие измислија привремено име за преговорите.
    5 И еврокомесарот за проширување Штефан Филе забележал дека сме црна дупка. Кога гордо слетал во 3 сабајле на “Александар Велики” откако сменил три авиони за да стигне до Скопје од Брисел.
    Кога го сменил првиот авион сигурно си рекол: “Што ми требаше овој пат? Што не ги викнав да дојдат, тие имаат повеќе време за чекање”. А чекајќи го третиот авион во Љубљана во еден по полноќ, веќе сфатил дека нема враќање. Кога веќе доволно си се оддалечил од Брисел, мора да стигнеш до Македонија.
    Тоа дека Брисел е далеку, знаеме и ние. Ама дека до Тирана најбрзо ќе стигнеш преку Истанбул, и тоа со преспивање во Турција, тоа не го знае ни Филе. А Сулејман Величествениот тоа не можел ни да го сонува.
    Што е една ноќ повеќе или помалку на патот кон ЕУ? Пари немаме. Бизнис немаме. Ама време за чекање имаме. Затоа и Македонија е вечна.
    6 Црногорскиот претседател Филип Вујановиќ вчера по средбата со македонскиот претседател Ѓорге Иванов рече дека разговарале за пораките од Чикаго кои треба да ги охрабрат и Македонија и Црна Гора на патот кон НАТО.
    Не знам за Црна Гора. Ама Македонија е веќе бајаги охрабрена. Од Грција.
    Додуша ние уште во 1999 година бевме кандидати. Ние влегувавме во НАТО. А НАТО ним им беше влезен. Ги бомбардираше Србија и Црна Гора.
    Истата приказна е и со ЕУ. Кога Хрватска ја завршуваше војната, ние бевме аспиранти за ЕУ. Хрватска сега влегува во ЕУ. А ние сме уште појаки аспиранти.
    Кога се фалевме дека сме лидери во регионот, сe уште не бевме свесни дека никој од нив не мора да влегува во дијалог со Грција.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира