АМЕРИКАНСКИ ФИЛМ

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:81:"Борцитезачовековиправасеборатзадвојки

    1. Илинка беше многу разочарана на Самитот на ЕУ во Порто Карас. Таа отиде со многу барања, а Европа ништо не ни дала.
    Да беше Илинка Германка, дали би сакала да биде во иста држава со Македонија? На пример, секој ден да и пукаат бомби, да цвета трговија со оружје, дрога и луѓе, судовите да ја прашуваат власта кого да осудат, полицијата да не ги фаќа криминалците, а тие што ќе ги фати да и избегаат, фабриките да не работат, половина нација да биде на улица, да се дави во ѓубре каде и да тргне… Зошто една Германија, или Франција би сакала да биде со нас. Само затоа што Илинка барала?

    2. Всушност, нервозата што Илинка не можеше да ја скрие дури ни кога на прес конференцијата зборуваше Борис, па изгледаше како секој момент дека ќе му удри шлаканица, и почнала уште пред да стигне во Порто Карас. Таа многу се разочарала кога сфатила дека до Грција се вози во полицискиот хеликоптер кој на времето ни го подари Тајван. Тоа е против идеолошките сфаќања на другарката Илинка која уште на времето со гнасење ја отфрли империјалистичката завера на тогашното македонско раководство против НР Кина.
    Илинка, која со цела енергија се бореше да ги брани принципите на ОН, на пат кон ЕУ најбесрамно го искористи империјалистичкото летало. И тоа заедно со Борис, кој исто така му рече историско “Не!” на Тајпеј. Владата и претседателот имаат нова антиимперијалистичка тактика кога ги бранат принципите на ОН. Решиле да го запознаат непријателот подобро за да можат поуспешно да го совладаат.

    3. Кога требаше да се заштити НР Кина и Борис и Илинка се колнеа во Обединетите нации. А кога треба да заштитат САД, Обединетите нации можат и да попричекаат. Таков беше случајот со Ирак. Сега истиот случај го имаме и со Меѓународниот кривичен суд.
    Македонија ќе ја потпише билатералната спогодба со САД за неиспорачавање на американски граѓани на Меѓународниот суд. Отсега па натаму, сите американски криминалци од светски калибар што ќе се затекнат во Европа ќе бегаат во Македонија. Така, македонската криминална сцена ќе добие квалитет. Освен локални, ќе имаме и светски криминалци. Кога ќе дојде време да се испорачаат во Америка, ќе избегаат. Ќе се најде некој автомобил пред судот и како Дилавер Бојку, ќе избегаат во непознат правец. Оти, во Македонија пред секој затвор во секое време чека по еден автомобил со вклучен мотор и отворена врата за да прифати евентуално бегство.
    Ете како ние сме повеќе поврзани со Америка, отколку со Европа. Кај нас затворениците бегаат како во американските акциони филмови. Само што кај нив тоа се снима, а кај нас оди во живо.
    За потпишувањето на договорот со САД Пакистан побарал милијарда и осумсто, а добил три милијарди долари. Македонија го доби уставното име за внатрешна употреба во Америка. Македонија не се ценка. Името нема цена. Влезени сме во американски филм. Многу сме јаки.
    Договорот со Америка ќе ни го правеле европски експерти. Така што Македонија повторно станува многу битен фактор во меѓународната заедница. По нашето прашање тие си го најдоа заедничкиот интерес. Само ние без интерес останавме. Европа не отпиша, а Америка не не запишува.

    4. Илинка и се лути на Европа, ама не е опасна. Таа не се закани дека повторно ќе отвара Солунски фронт. За разлика од нејзината коалициона партнерка Ермира, која се закани со отварање фронт против наставничката по албански јазик на нејзиниот брат. Таа има конкретен проблем. Брат и не добил двојка, а наставничката не му се плаши на Али Ахмети. Па портпаролката на ДУИ воинствено изјавува: “Ако наставничката сака фронт со мене, ќе го има!”.
    Партијата на Али Ахмети со декрет ги поправа кецовите во гимназиите. Додека беа во шума, стекнаа многу дупки во образованието. Борците за човекови права отвараат нов фронт. Сега се борат за двојки. Се разбира, со сила. Така се научени.
    Можете да замислите колку и пукнал филмот на наставничката кога изјавила дека вакво нешто не се случувало ни во времето на Мендух Тачи. Ама, во времето на Тачи, не ги интересираше образование. Нив ги интересираше само бизнис.
    Овие новиве на Ахмети, Ермира, Теута и Буџаку се продаваат за интелектуалци. Те се сликаат со книги, те јазици зборат, плус два универзитета имаат… Затоа им требаат двојки. Оти дури ни на парауниверзитетот на Мала Речица не примаат без завршено средно.

    5. Во Електростопанство на Македонија од работа избркаа 1100 луѓе. Примија нови шесто. СДСМ-овци им викаат на ВМРО-вци: “Ај сега ние малку да поработиме”. Тоа се вика класична поделба на пленот.

    6. Откако пукнаа бомбите во центарот на Скопје, ВМРО-ДПМНЕ ја обвини власта дека не контролира ни 150 метри од центарот на главниот град на државата.
    За разлика од ВМРО-ДПМНЕ која во свое време контролираше до Групчин и до Камениот мост. Од толку силна контрола ја изгубија војната а Али Ахмети ни стана фактор на мирот.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира