Амнестија и амнезија

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:65:"Борчепуштилетки,ќетидадатпетки

    1. Секој терорист би посакал да има ваква власт. Тие по државата со зољи, државата по нив со претседателски проповеди. Тие со бестрзаен топ, државата со летки.
    Претседателот против терористите се бори на мирен начин. Кога Врховниот командант ќе издаде наредба: “Пушти летки!”, терористите смрзнуваат од страв. Среќа што и летките ги пушта разумно и пропорционално, како што ќе му кажат Хавиер Солана и Ана Линд. Немаме многу хартија за трошење.
    По успешниот десант на летките во Кумановско, претседателот излезе среќен пред јавноста дека офанзивата успешно напредува. Сега ќе го пофалат на Запад. Борче пушти летки, ќе ти дадат петки.

    2. По успешната акција со летките, сега претседателот го фалат дека успеал да ги изолира терористите. Така што тие си ја остварија целта. Тие и сакаат да бидат изолирани, не сакаат да се мешаат.
    Сега треба да се појави Роберт Фровик и да ни објасни до која фаза сме дошле во решавањето на меѓуетничките проблеми. Терористите не смее да се вознемируваат. Случајно да не припукаат, па македонските безбедносни сили ќе  мора да се бранат. А немаат отпечатено доволно летки.
    Во следната фаза, ќе прогласат слободна територија. Па република. Така што на крајот мирољубивиот претседател ќе мора да испрати експертски тим да ги исцрта границите.

    3. Зошто ли Ана Линд ни порачуваше дека треба да покажеме воздржаност. Па ние веќе со децении покажуваме воздржаност. Македонците со по едно дете, Албанците со седум. Поголемо воздржување – здравје.
    И после Владо Бучковски се жали дека новата влада немала волшебно стапче за решавање на проблемот. Се знае, волшебното стапче било во панталоните.

    4. Туку, лесно му е сега на Бранко. По поделбата на власта со Љубчо, на СДСМ му припадна јавното претпријатие “Македонски шуми”. Така што сега ќе може да одат во партизани. Бучко командант, Илинка млада партизанка, а Бранко политкомесар. Шумкари против балисти.
    Само, сè ми се чини дека Фровик нема да им го дозволи и тоа. Тој се однесува како шумар. Ќе дојде и ќе ги избрка од шумата. Зашто треба да се направи коридор. Ако треба и шпалир да им направиме на терористите. Да ги испратиме со сите почести. А претседателот, бидејќи е најкооперативен, ќе оди прв во колоната и со батериска ламба ќе им го осветлува патот. Мисли дека така ќе влезе во светла иднина.

    5. Откако ќе се донесе закон за амнестија, ќе мора да се донесе и закон за амнезија. Ако не заборавиме на сето ова што сега ни го спакуваа ВМРО-ДПМНЕ и ДПА, и на сè што порано ни пакуваа СДСМ и ПДП, на следните избори нема да има за кого да гласаме.
    Зошто сме таков народ? Изгледа дека за сè е крив Василие Втори. Тоа е оној византиски цар што наредил да се ослепат Самуиловите војници. Не знам дали да се гордееме со традицијата или да се жалиме на генетското потекло. Како, и по толку векови, останавме слепци?

    4. Традицијата продолжува само во МВР. Го гледате брат Љубе Бошкоски. Ист е како Фрчкоски. И едниот и другиот носат вратоврски – пеперутки.

    5. Оваа нова влада ми личи како од времето на ССРНМ. Имаше еден испит, се сеќавам дека го полагав кај Саво Климовски, и требаше да одговорам на прашањето за Едвард Кардељ и за плурализмот на социјалистичките самоуправни интереси.
    И тогаш не ми беше јасно како сите можат да имаат исти интереси, а луѓето се различни. Сега, пак, уште помалку.
    Туку, дај да размислуваме логично. Интересите се исти – што повеќе да се земе од она што остана од неизолираните територии.

    6. Каде е Љубен Пауновски? Не му најдоа ново место во новата влада. Велат дека му подготвуваат нова функција. Пак ќе се врател во новинарството. Ќе бил уредник. На ѕидниот весник во Идризово.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира